Новости

Ќе учествуваме на 15-тата Cisco Connect конференција


На 7 и 8 април 2016 година  во хотелот Парк, Плаза Хисриа во Пула ќе се одржи 15-тиот Cisco Connect.

На конференцијата ќе бидат презентирани тековните предизвици на денешницата, соопшени бизнис-решенија, како и резултатите на избрани одлуки. Во низата на локално приспособените теми, пленарните и паралелните предавања, учесниците ќе имаат можност за размена на стручни знаења и искуства, како и можности да ги надградат постоечките знаења и вештини.

Cisco Connect ќе обедини повеќе од 400 клучни двигатели на промените, експерти од информатичките области  и владини претставници. КИНГ ИЦТ е сребрен спонзор на конференцијата.

КИНГ ИЦТ на конференција ќе го претстави Валтер Попешкиќ, експерт и инженер за мрежни и безбедносни решенија, кој ќе го одржи предавањето на тема „How to build an IT solution on a modern Airport“. Во своето излагање, Валтер ќе го објасни дизајнот и имплементацијата на мрежното решение за новиот патнички терминал на аеродромот во Загреб.

Предавањето е закажано за четврток, 7.4.2016 год., 12:30-13:00 часот во салата Белица.

Повеќе информации за конференцијата се достапни на веб-страницата веб-страница Cisco Connect 2016