Новости

Четврто издание на Change-конференцијата


Change-конференцијата за софтвер е посветена на enterprise-решенијата и оваа година ќе ги собере на едно место светските експерти и регионалната ИТ-заедница.

Во фабриката „Краш“ во Загреб на 28 септември 2019 година ја продолживме успешната традиција на доведување светски реномирани предавачи за нашата публика, а за тоа разговаравме со директорот на конференциската програма Александар Радован:

„Оваа година ќе ни се претстави Џеф Просис, експерт за cloud-апликации базирани на Azure-технологијата на Microsoft, вештачка интелигенција и машинско учење. Џеф, во рамки на Change-конференцијата, ќе одржи еднодневна работилница базирана на Azure-технологијата на Microsoft. Како и Џеф, многу чест гостин на најдобрите конференции во Европа, Виктор Фарчиќ, исто така ќе ја збогати нашата програма со новините поврзани со DevOps проблематиката, микро-услугите и автоматизацијата на развојните процеси со користење на CI/CD и TDD методологии. Во моментов работиме на содржината на конференцијата, а со ова ги покануваме сите оние, кои сакаат да го споделат своето знаење и искуство на Change-конференцијата, да се пријават за предавачи.

Како и во изминатите неколку години, покрај трите посебни секции исполнети со технички и деловни теми, една секција е резервирана за работилници каде што заинтересираните посетители ќе можат да учат од фазата на поставување на архитектурата, развојот, испораката на софтверот и автоматското тестирање на истиот.

Минатогодишното издание привлече повеќе од 400 ИТ-професионалци од светот, а новата Change продолжува да ја поврзува ИТ-заедницата.

Во моментов, преку системот Entrio, достапни се early bird влезниците (за рано пријавување) по цена од 120 куни, односно 60 куни за студенти.Новости за Change, повеќе информации за предавачите, програмата и темите за конференцијата може да се следат на службената веб-страница, како и Facebook и Twitter профилите.