ИКТ решенија

ДЕЛОВНИ ПРОЦЕСИ - Со компјутеризација на деловни активности до извонредност

Информатички систем за Карго

Информатички систем за железнички превоз на товар

IS CARGO е информатички систем за централно управување со процесот за превоз на товар. Обезбедува поддршка на деловните процеси на модерните железнички превозници: управување со порцесот на нарачки и наплата, планирање на потребни ресурси, меѓународно следење на превозот, оптимизација на управувањето и распоредувањето на празните вагони, подобрено управување со имот.

Предности

Системот овозможува поедноставно одвивање на финансиските и административните процеси.
Со имплементиран IS CARGO систем, превозната постапка се одвива без хартии - врз основа на електронски пораки спрема царината (NCTS систем), почитувањето на меѓународните регулативи за размена на информации со другите членки на UIC (International Union of Railways) е многу олеснето.

Технологија

IS CARGO решение, кое компанијата КИНГ ИЦТ го имплементира, е интегрален систем составен од следниве системи:
  • Rail Cargo System (RCS) - Нарачка, Планирање, Продукција и Администрација
  • SAP - Финансии, Договори и кориснички тарифи
  • New Computerised Transit System (NCTS)
  • eCARGO веб портал
  • DMS Архива