Новости

КИНГ ИЦТ на симпозиумот „Медицинска информатика 2013“


Симпозиумот „Медицинска информатика 2013“ се одржува во Дубровник од 7 до 9 ноември. Еден од поканетите предавачи на симпозиумот е м-р Синиша Кезиќ од КИНГ ИЦТ. 

Овој симпозиум е единаесетти собир на стручњаци од подрачјето на медицинска информатика во организација на Хрватското друштво за медицинска информатика.

Господин  Кезиќ ќе одржи предавање на тема „Тестирање на употребливоста на болничките информациски системи“ што се базира на труд со ист наслов, работен во соработка со прим. д-р Ранко Стевановиќ од Хрватскиот завод за јавно здравство. 

Болничките информациски системи се незаобиколен елемент од работењето на болниците. Од нивната ефикасност во реалното опкружување значително зависи квалитетот на услугите, а сè почесто и конкурентноста на здравствената установа. Како се тестира употребливоста на софтверското решение дизајнирано за здравствено опкружување и кои се насоките за негова изградба со цел зглемување на квалитетот, со задоволување на усогласеноста со соодветните ИСО-стандарди – се прашања што се опфатени со предавањето.

Симпозиумите што ги организира Хрватското здружение за медицинска информатика им се наменети на стручњаците од областа на здравствената заштита и информатика, на стручњаците од областа на здравството и здравственото осигурување, на здравствените планери и администратори, како и на истражувачите и наставниците од полето на медицинската информатика. Со учеството на симпозиумот „Медицинска информатика 2013“, КИНГ ИЦТ потврдува дека во своите редови има вработени со знаење и во ова специјализирано подрачје.