Новости

КИНГ ИЦТ одржа предавање на САП-форумот


КИНГ ИЦТ веќе традиционално учествува на САП-форумот на кој ги претставува своите искуства и искуствата на своите корисници во примената на САП-решенијата.

Оваа година се одлучивме за презентација на решение што овозможува побрз и полесен развој, како и управување со мобилни деловни апликации.

Станува збор за платформата Sybase Unwired (скратено SUP) што е дел од апликацискиот пакет SAP, мобилна платформа SAP. Мобилната платформа SAP, покрај SUP, вклучува и Syclo, како и платформа Mobiliser, водечки мобилни платформи на пазарот според истражувањата на Гартнер.

Презентацијата насловена „Sybase Unwired платформа во примената“ ја одржа Данко Рупчиќ. Функционалноста на решението, но и едноставноста на неговото користење беа прикажани со помош на демо-апликации за деловниот процес на одобрување документи преку мобилен уред.