Новости

Тринаесеттото издание на деловно-технолошката конференција Microsoft WinDays ќе се одржи во Умаг


Тринаесеттото издание на деловно-технолошката конференција Microsoft WinDays ќе се одржи во Умаг од 22 до 26 април 2013 година. Цел на конференцијата е запознавање на посетителите со најновите технологии, како и размена на знаења и на искуства на истакнати стручњаци во областа на технологијата и на работењето.

Веќе традиционално, КИНГ ИЦТ е еден од спонзорите на конференцијата, а своите решенија изградени на Microsoft и на другите технологии ќе ги претстави преку неколку предавања.

Во рамките на технолошката конференција ќе зборуваме за Dynamics CRM и за SQL Server, додека во деловниот дел ќе го претставиме проектот на премин од VMware на Hyper-V во Агенцијата за плаќања во земјоделството. Исто така, подготвивме и едно малку поинакво предавање што не е поврзано со технологијата, туку со развојот на кариерата во ИТ-индустријата.

Ве повикуваме да нè посетите.

SQL Server - Storage engine

Далибор Марготиќ / понеделник, 17:40–18:25, сала „Корал 4“
Ако ве интересира како SQL Server снима податоци, на кој начин SQL Server ги пронаоѓа снимените податоци, како ги толкува и на крајот ги вчитува и испорачува, тогаш ова предавање е за вас. Со предавањето ќе се објасни структурата на побитните „page“ и ќе се објасни зошто SQL Server воопшто ги користи, како и кои поединечни типови податоци се снимаат на диск и структурата на самиот запис. Повеќе

Предизвиците на (колку што е) подобра работа во ИТ – патишта на успехот

Марија Зовко Кордиќ / вторник, 18:20–19:05, сала „Корал 6“
Низ реални примери од практиката ќе покажеме на кој начин најдобро да се претставите на разговор за работа и што да очекувате во селекциските постапки. Исто така, ќе ги приближиме очекувањата на ИТ работодавецот и ќе укажеме на успешните начини на управување со кариерата во ИТ. Корисноста на вистинскиот избор на вработените и долгорочното влијание врз кариерата ќе ги прикажеме низ реални примери од нашата практика и искуства. Повеќе

Од vSphere во Hyper-V приватен облак

Јерко Вулетиќ / среда, 18:20–19:05, сала „Корал 3“
Презентацијата ги прикажува главните деловни причини на Агенцијата за плаќања во земјоделството за преминување од VMware на Hyper-V 3.0 платформата за виртуализација и изградба на приватен облак со алатките за управување со ИТ-инфраструктурата на Microsoft System Center 2012. Секако, ќе ја опфатиме и изградбата на систем на резервна локација (DR) без која не би била успешна ниту една сериозна деловна приказна. Повеќе