Новости

КИНГ ИЦТ партнер на Научниот пикник


Од 26 до 28 мај во Загреб се одржува шестиот по ред Научен пикник во организација на Здружението професор Балтазар, Здружение ZEZ, CARNet и институт Ruđer BoškovićНаучниот пикник е проект за популаризација на науката и уметноста, меѓународен настан на отворен и затворен простор чија главна цел е да ја промовира науката во најширока смисла, но и да ги заинтересира младите и тие кои така се чуствуваат да ја одберат науката како свој животен повик. ИЦТ и оваа година е горд партнер на Научниот пикник обезбедувајќи бесплатен бежичен интернет на подрачјето на надворешното и внатрешното студио на Јадран филм во Загреб, каде што ќе се одржува Пикникот.Повеќе инфорации за Научниот пикник можете да пронајдете на нивната официјална веб страна