Новости

КИНГ ИЦТ стана партнер на фирмата САП Вест Балканс (SAP West Balkans)


КИНГ ИЦТ стана партнер на фирмата САП Вест Балканс д.о.о. Ова партнерство му овозможува на КИНГ ИЦТ  да  ги понуди своите САП-надлежности  на пазарите во Босна и Херцеговина и Македонија.

Со овој потег КИНГ ИЦТ ја потврдува својата стратегија за ширење на  деловните активности на регионов и тоа со што пошироко портфолио.

По неколку години искуство во Хрватска, компанијата сега е во состојба да имплементира и одржува целокупен САП портофолио на коросниците во регионов и тоа според највисоките стандарди за квалитет на САП.
KИНГ ИЦТ е повеќегодишен партнер на компанијата САП. Својот квалитет како партнер КИНГ ИЦТ повеќепати го докажал  низ имплементација на САП-решенијата во комплексни проекти, како и со признанија кои КИНГ ИЦТ ги доби од самиот САП.

Неодамна КИНГ ИЦТ го доби сертификатот за почитување на стандардот за квалитет за 2013 година, кој го доделува САП. Сертификатот се доделува за изведување проекти поврзани со САП-решенијата во согласност со стандардите и процесите за квалитет, како и за континуиран напор за унапредување на решенијата. Исто така, КИНГ ИЦТ го освои сребрениот партнерски статус како резултат на активностите во продажбата и маркетингот.