Новости

Кинг ИЦТ стана златен партнер на Microsoft за CRM


КИНГ ИЦТ се стекна со статус на златен партнер за CRM (Customer Relationship management), станувајќи првиот Microsoft партнер со такво ниво на компетентност во Хрватска.

Со добивањето на Microsoft Gold компетенција, КИНГ ИЦТ влезе во многу мала група на Microsoft партнери со ова ниво на компетентност на глобално ниво.
Gold Customer Relationship management компетентност значи дека КИНГ ИЦТ има сертифицирани професионалци за имплементирање на решение за управување на односите со клиентите во Microsoft Dynamics CRM платформа, квалификувани проект менаџери и успешни референци од претходни имплементирања на CRM проекти и ги има исполнето сите други строги барања што Microsoft ги  поставува пред своите партнери во процесот на сертификација. За да се добијат со овие надлежности, партнерските фирми мораат да поминат низ цел спектар на сертификација, со што се докажува нивното ниво на стручност и капацитет на стручен кадар.

Изјава - Пламенко Баришиќ, претседател на Управниот одбор - КИНГ ИЦТ:
"Златниот статус во областа на CRM ја демонстрира нашата експертиза и насоченост кон модерната технологија на пазарот. Тоа е доказ за нашето многу добро познавање на Microsoft деловните решенија. Горди сме што со стекнатата Gold Customer Relationship Management компетенција влеговме во елитниот круг на Microsoft партнери во глобални рамки. Со ова, ние уште повеќе ја потврдивме фокусираноста на  КИНГ ИЦТ за постојано подобрување на вештините и способностите за имплементација и поддршка на Microsoft CRM решенија, овозможувајќи ни да продолжиме на нашите клиенти да им бидеме високо квалитетен консултант за технологија која ќе им помогне во исполнување на деловните барања и постигнување успех. "

Изјава - Зоран Шегиќ, регионален директор на заедницата партнери за имплементација Dynamics  ERP и CRM, Microsoft Adriatic:
"Ова признание е резултат на континуираната работа и инвестирање во една од најбрзорастечките сегменти на Microsoft решенија со огромен потенцијал. КИНГ ИЦТ е еден од првите партнери во регионот кој има постигнато највисоко ниво на компетентност во Dynamics CRM сегментот, исполнувајќи ги  сите потребни услови за остварување на златен статус. За локалните и регионалните пазари, ова е голем чекор напред кон уште поголеми и посложени проекти, како во реалната економија така и во Dynamcis CRM проектите во јавниот сектор каде потребата за овој тип на решенија станува императив. "