Новости

КИНГ ИЦТ: Преглед на годината


Тековниот раст на глобалната економија се случува благодарение токму на дигиталната економија. Иновациите и дигитализацијата на бизнисот ја поттикнуваат конкурентноста и ги решаваат постоечките структурни слабости. Од друга страна, модернизацијата на образованието и воведување на технологијата во училниците создаваат поквалитетен образовен систем за сите генерации, ја промовира дигиталната писменост, вештините и вклученоста.

Нашата мисија како регионален систем интегратор е да им додадеме вредност на процесите на дигитализација на економијата и да придонесеме полза за  општеството. Проектираниот раст на приходите од 10 отсто во 2017 година во споредба со минатата година, повеќе од 400 вработени и проширување на операциите се показатели за успешноста на зацртаната насока.

Во годината која е на истек реализиравме низа проекти и ги зголемивме инвестициите во истражување и развој. Градиме нови односи и партнерства за да на нашите експерти им обезбедиме пристап до најновите технолошки решенија.

Свесни за потребата од поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот, учествувавме во универзитетски иницијативи, се поврзавме со факултетите и со други образовни институции.  Овој вид на активности е во сржта на КИНГ ИЦТ и со слични проекти ќе продолжиме уште поинтензивно и во 2018 година. 

НАЈВАЖНИ ПРОЕКТИ ВО 2017 ГОДИНА 

Аеродром Загреб 

Во областа на транспортот, КИНГ ИЦТ учествуваше во реализација на два многу важни проекти. Во просторот на новиот терминал на меѓународниот аеродром во Загреб ја имплементиравме севкупната ИТ инфраструктура и мрежните решенија на терминалот. Покрај електротехничките работи, го имплементиравме и системот за климатизација, видео надзор и контрола на пристапот.

Аеродром Дубровник 

На самиот југ на Хрватска блесна новиот терминал на аеродромот во Дубровник со имплементиран автоматски систем за прифаќање на багажот и систем за контрола на безбедноста на багажот. Со цел да се обезбеди непречен проток на патници и багаж, КИНГ ИЦТ го вгради најсовремениот систем за транспорт и сортирање. Со завршување на овој проект, југот на Хрватска и бисерот на Јадранот го добија долгоочекуваниот аеродром за 21-от век, што дополнително ќе го зголеми постојаниот раст на патници.

ЈАНАФ

Во контекст на енергетската перспектива на Хрватска, Јанаф е исклучително важен проект кој постојано се развива. Во моментов е во тек првата фаза на проектот за надградба на резервоарските простории за сурова нафта на Терминалот Омишаљ. Се планира да се изградат три дополнителни резервоари со придружна опрема и инсталации кои новиот систем ќе го поврзат со постојните системи на Терминалот. Како дел од заедничката понуда придонес кон проектот дадоа и нашите експерти спроведувајќи операции за набавка, испорака и инсталација на опрема. Целокупната реализација на проект се очекува до крајот на 2018 година.

ХЕП

До крајот на декември 2017 година, КИНГ ИЦТ завршува со имплементација на SAP IS-U за индустриското решение за ХЕП Електра. Станува збор за модул за односи со клиентите и за наплата кој ќе ги компјутеризира процесот на пресметка, создавање сметка, наплата на сметки и ќе ги  подобри односите со клиентите. Со ова решение за односи со клиентите и наплата се модернизира работата на единствениот енергетски субјект овластен за обезбедување јавна услуга за снабдување со електрична енергија во Хрватска. 

Системот Шенген 

Во се повеќе поврзаното дигитално општество не смее да се занемари концептот на (сајбер) безбедноста. Ние сме свесни за новите предизвици па и оваа година КИНГ ИЦТ продолжува со успешната реализација на проектите од аспект на безбедноста и одбраната. На прво место тука е имплементација на системот ЕУРОДАК за дигитално земање отпечатоци од прсти на баратели на азил и проектот на Националниот Шенген информациски систем и Сирене системот за управување со документи. Со имплементација на овој систем Хрватска стана дел од Шенгенскиот информациски систем (SIS II) и со тоа го направи еден од клучните чекори кон пристапувањето во единствениот Шенген простор. 

Индустрија 

Клучната компонента на модерната економија е дигитализација на работата. За Erste Group Card Processor-от, воведовме и конфигуриравме нови системи на ЕМС податоци, за Roche имплементиравме систем за техничка заштита кој вклучува видео надзор, контрола на пристапот, евиденција на работното време и систем за заштита од кражба систем со контрола на околината, додека за Далековод имплементиравме системи за следење на процесот на продажба (CRM) и системи за транспарентно автоматско известување.

ПАМЕТНА УЧИЛНИЦА ПО МЕРКА НА УЧЕНИКОТ

Модернизацијата на образованието, во прв план дигитализацијата е еден од главните предуслови за социјалниот напредок. Концептот на дигитална зрелост на училиштето укажува на растечката важност на технологијата во образованието а употребата и имплементација на ИКТ во училиштата се планира на национално ниво. Во рамките на концептот на е-училиште учествува и KИНГ ИЦТ со имплементација на современи училници приспособени по мерка на учениците, но и на професорите. Овој концептот го претставивме на овогодишната CARNet конференцијата на корисници - CUC 2017, каде што одржавме осум работилници со цел информирање на професорите за можностите на паметните училници во рамки на проектот е-училиште. Нашите хардверски и софтверски решенија ги направивме дел од класичната училницата; стандардните табли ги заменивме со паметни табли а ученичките тетратки со таблети. 

Целта на современата училница на КИНГ е креирање средина за соработка која ја поттикнува креативноста, размислувањето и подобрување на дигиталната компетенција. Интуитивноста и леснотија на користењето на нашите софтверски решенија е вистински показател за тоа како учењето може да биде интересно и забавно.