Новости

КИНГ ИЦТ го спонзорира натпреварот за најдобрите програмери


На Техничкиот универзитет Загреб во тек е Tvz Code Challenge 2014 - натпревар за избор на најдобрите програмери во една генерација.

Натпреварот се состои во решавање на мали проблеми задачи за ограничен временски период, во некој од најпопуларните програмски јазици. Тој се одвива преку серија на натпревари кои  се поделени во четири круга, распоредени до крајот на учебната година, а право на учество имаат сегашните студенти на стручни или  специјализирани студии на Техничкиот универзитет Загреб.

КИНГ ИЦТ учествува во натпреварот како генерален спонзор. Со овој потег, како и неколку пати досега, КИНГ ИЦТ се потврдува како компанија која е свесна за важноста на  развојот на млади професионалци и е подготвена да придонесе нивно охрабрување.