Новости

КИНГ ИЦТ стана GOLD SAP VAR партнер


КИНГ ИЦТ постигна највисок партнерски статус на SAP и стана GOLD SAP VAR партнер.

Носителите на овој статус се партнери кои создаваат, продаваат, одржуваат и имплементираат SAP решенија за клиентите, компании од сите големини во различни индустрии и активности, а со тоа задоволувајќи високи стандардите за квалитет.

КИНГ ИЦТ стана носител на GOLD SAP VAR статусот исполнувајќи ги критериумите за испорака на услуги од портфолиото на SAP  решенија и бројот на сертифицирани експерти. Статусот гарантира максимална стручност на компанијата како сигурен, доверлив SAP партнер.

"Ние сме горди на овој успех, постигнат благодарение на континуираното усовршување знаењето на нашите SAP експертите и успешна реализација на голем број сложени проекти. Задоволството на нашите клиенти од пристапот и знаењето на вработените во КИНГ ИЦТ во имплементацијата на SAP решенија е нашиот најголем поттик за работа, а подигнувањето на партнерскиот статус на повисоко ниво е нашата награда за тој труд. GOLD SAP VAR статусот за нас е голем успех а за нашите клиенти потврда за стручноста  што ја испорачуваме во рамките на проектите. " рече Пламенко Баришиќ, извршен директор на КИНГ ИЦТ.

КИНГ ИЦТ и SAP Хрватска потпишаа договор за партнерство во јануари 2006 година. Со тој договор SAP Хрватска за прв пат на својот партнер му овозможи целокупна поддршка за ефикасноста за SAP  бизнис решенија, од имплементација до одржување.

Во своето портфолио на SAP решенија КИНГ ИЦТ се фокусира на испорака на решенија во рамките на SAP вертикалите:

  • Апликации – Business Suite кој вклучува Financial Management, HumanCapital Managment, Enterprise Asset Management, Procurement, различни индустриски решенија како SAP ISU (Industry solution for Utilities), итн.
  • Бази на податоци и технологија – Application Foundation, Process Orchestration and Integration, Business Process Management, In- Memory computing -  SAP HANA, итн.
  • Аналитика – Business Planning & Consolidation, Predictive Analytics, Business Intelligence, итн.
  • Мобилност – Mobile Apps, Mobile Platform, Mobile Services, итн.

"Како дел од нашите постојани напори би го истакнала трудот на SAP партнерите  да го искористат максимум од соработката, како би го прошириле работењето со SAP на начин тоа да има смисла за партнерите. Ние им помагаме на партнерите преку маркетинг и едукација, т.е трансформација на нови знаења. Им честитам на  КИНГ ИЦТ заслужениот статус што го имаат стекнато благодарение на експертите  и квалитетните проекти. Сигурна сум дека овој статус, ќе доведе до нови заеднички успеси. ", вели Соња Поповиќ, директор на SAP  д.о.о.