Новости

КИНГ ИЦТ стана Златен партнер на ЦИСКО


КИНГ ИЦТ се стекна со статус на  Златен партнер (Gold Certified) на компанијата ЦИСКО Системс (CISCO Systems) во областа на мрежни технологии. Со стекнување статус на Златен партнер, КИНГ ИЦТ влезе во елитниот круг на ЦИСКО-партнери со ова ниво на компетентност во Хрватска, а партнерскиот статус се применува и на нашите КИНГ ИЦТ-канцеларии во Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Статусот на Златен партнер можат да го постигнат само компаниите кои го исполниле највисокото ниво на критериумите за партнерство. Најдобро обучени експерти за мрежи кои имаат докажано потребно ниво на знаење во планирањето, проектирањето, имплементирањето и поддршката на ЦИСКО-мрежните решенија, се предуслов за добивање статус на Златен партнер. Компанијата ЦИСКО Системс на годишно ниво проверува дали поддршката на сертифицирани партнери е на бараното, највисоко ниво во индустријата и дали се спроведува во согласност со ЦИСКО-стандардите за мрежна експертиза, како и способност за поддршка на корисниците.

Како Златен партнер, компанијата КИНГ ИЦТ докажува дека нуди најширок круг на знаења на пазарот на Enterprise Networking, безбедност, соработката, виртуализација на центрите за податоци и СП-технологии. Исто така, партнерскиот статус докажува дека имаме интегрирано највисоко ниво на стручност во CISCO Lifecycle Services во својата понуда, како и висок степен на задоволство кај клиентите.

Партнерски придобивки

КИНГ ИЦТ, како носител на статусот  Златен партнер, реализира бројни придобивки во форма на техничка поддршка, алатки за продуктивност, online-тренинзи, маркентинг и продажни промоции. Покрај тоа, компанијата има можност за брендирање како Златен партнер, и како таква се забележува во  CISCO Partner Locator, што овозможува зголемување на партнерската профитабилност , покани за ЦИСКО-партнерски настани и користење на ЦИСКО-партнерскиот комплет со продажни алатки, логоа, упатства и останати информации.