Новости

КИНГ ИЦТ учествуваше на 16. конференција на ЦУЦ


Шеснаесеттата конеренција за корисниците на ЦАРНет (ЦУЦ) се одржа од 19 до 21 ноември 2014 година во хотелот Антуовиќ во Загреб. Конференцијата се одржа под покровителство на Претседателот на Република Хрватска, Министерството за наука, образование и спорт и градот Загреб.

КИНГ ИЦТ беше како еден од спонзорите, но учествуваше  и со предавањето „Практична примена на интеграција на еМатица системот со ЗЕТ“.

На предавањето експертот од КИНГ ИЦТ, Иван Павиќ ја претстави интеграцијата помеѓу системите на ЗЕТ и еМатица,  чија цел беше значително поедноставување на процесот на  обновување на картичката за превоз. Со интеграција на двата система се миинимализирани потребните административни постапки, а на крајните корисници - учениците на основни и средни училишта -  им е овозможено обновување на картичките за превоз во широката мрежа на продажни места.