Новости

КИНГ ИЦТ ЗАВРШИ ГОЛЕМ БЕЗБЕДНОСЕН ПРОЕКТ НА ПРИШТИНСКИОТ АЕРОДРОМ


Kaко дел од проектот за јавно-приватно партнерство на косовската Влада со турско-францускиот конзорциум Limak - Aeroports de Lyon, на меѓународниот аеродром во Приштина е изграден нов терминал што ги задоволува најстрогите безбедносни критериуми на ЕУ. КИНГ ИЦТ успешно ја заврши имплементацијата на безбедносното решение за скенирање на багажот и на товарот на новиот терминал на приштинскиот меѓународен аеродром „Адем Јашари“, во Република Косово.

Изградба на нов терминал на приштинскиот аеродром
Изградбата на новиот терминал вреден 120 милиони евра е дел од договорот за јавно-приватно партнерство меѓу Владата на Република Косово и турско-францускиот конзорциум Limak - Aeroports de Lyon од 2011 година.
Според овој договор, аеродромот му се дава на 20-годишно управување на избраниот конзорциум. Изградбата ѝ е доделена на компанијата Limak Constructions. Новиот терминал е пуштен во работа во октомври 2013 година, а на свеченоста на отворањето присуствуваа премиерите на Косово, Турција и на Албанија – Хашим Тачи, Реџеп Таип Ердоган и Еди Рама.
Благодарение на отворањето на новиот терминал, сега аеродромот во Приштина се вбројува меѓу аеродромите со најголем капацитет на патници во регионот – се планира до 2030 година низ него да поминуваат 4 милиони патници годишно.
Аеродромот е опремен со најмодерни технологии, а новиот терминал ги задоволува најстрогите безбедносни критериуми што се поставени од регулаторите на Европската унија.
 
КИНГ ИЦТ имплементираше систем за детекција на експлозивни средства
КИНГ ИЦТ имплементираше автоматизирано безбедносно решение за скенирање на багажот и на товарот и за детекција на експлозиви (англ. EDS – Explosive Detection System) во багажот што е предаден на шалтерите за чекирање. Системот е високоинтегриран со подвижните ленти за пренесување на багажот.
КИНГ ИЦТ, како регионален партнер, во овој проект настапи со компанијата L-3 Communications, водечки светски производител на автоматизирани системи за прегледување багаж што ги задоволуваат најстрогите безбедносни стандарди на светските регулатори. Компанијата L-3 Communications има инсталирано повеќе од 2.000 системи за прегледување на предадениот багаж.
Освен горенаведеното, испорачан е редундантен систем за непрекинато напојување, систем на активна и пасивна мрежна инфраструктура, како и сервери за тие работни станици. Во прашање е комплексен и робустен систем што ќе обезбеди сигурно работење на аеродромот во секојдневните сложени услови и тоа 24 часа на ден.
 
Проект на меѓународно ниво 
КИНГ ИЦТ е докажан партнер на приштинскиот аеродром, веќе има референции на слични имплементации – во 2010 година компанијата имплементираше слични решенија на стариот терминал на аеродромот.
Стручњаците од КИНГ ИЦТ секојдневно комуницираа со другите меѓународни производители чии системи се интегрирани со системот на КИНГ или се потпираат на него.  Исто така, во овој проект учествуваа и стручњаци од канцеларијата КИНГ Косово, со поддршка од инженерските тимови на КИНГ од Загреб. КИНГ ИЦТ ќе ја реализира договорената поддршка, како и одржувањето на системот потпирајќи се на стручњаците од својата канцеларија во Косово.