Новости

Конференција МС Нетворк 4 Бања Вруќица (БиХ), 14 и 15 април 2014 година.


Конференцијата Microsoft NetWork 4 ќе се одржи во Бања Вруќица (БиХ) на 14 и 15 април 2014 година. КИНГ ИЦТ е еден од „голд“ спонзорите и на конференцијата учествува со предавања за примената на CRM решениа во финансискиот сектор како и имплементацијата на FIM 2010 R2 решение во Рајфајзен банка БиХ.
Приклучете ни се на MS NetWork 4!

CRM во финансискиот сектор

Ивица Иванчиќ / 14 април 2014 година во 14:15 часот, сала „Сава 2“
На предавањето ќе бидат прикажани примери и деловни подрачја на имплементација на CRM-решението наменето за сегментот на банки и микро-кредитни организациии. Во рамките на практичната демонстрација ќе бидат претставени примери на користење на системот во сегментите на обединување на кориснички податоци (360 поглед на корисникот), процеси во секторите маркетинг, продажба, корисничка поддршка, присилна наплата и правна служба. Особено внимание ќе му биде посветено на мобилниот пристап до системот со користење на мобилни и таблет уреди.

Имплементација на FIM 2010 R2 во Рајфајзен банка БиХ

Дино Буљубашиќ, Марин Бан/15 април 2014 година во 09:00 часот, сала „Сава 2“
Со цел заштита на чувствителни податоци од неовластен пристап и обезбедување на подобар увид во евиденцијата на присутноста на своите вработени, Рајфајзен банка БиХ пристапи кон имплементација на Microsoft FIM (Forefront Identity Manager) решение. На предавањето ќе биде претставена имплементацијата на самото решение, како и сите предизвици и пречки со кои се соочувавме во текот на имплементацијата, со оглед на сложеноста на клиентско-информатичкото опкружување. Ќе ги разгледаме и методите на користење на FIM во Рајфајзен банка, начинот на кој решението ги унапреди деловните процеси, значително ја зголеми сигурноста и оперативната ефикасност и ги намали административните трошоци. Исто така, усогласеноста со законските и стручните регулативи се подигна на повисоко ниво.