Новости

Конференцијата MS NetWork 6 Неум, 18-20.4.2016


MS NetWork 6 конфренцијата ќе се  одржи од 18 до 20.4.2016 год. во Неум (БиХ). Учесниците на конференцијата ќе бидат во можност да присуствуваат на предавањата од шест тематски целини. Предавањата ќе бидат поврзани со развојот, инфраструктурата и безбедноста, деловната употреба на технолошки решенија, влучувајќи предавања на експерти од MS Community, едукациски решенија и презентации на, како и прикази на студии со конкретни случаи.

На конференцијата ќе бидат презентирани и теми поврзани со Windows 10 на сите платформи, со новата генерација на производи од Офис-групата, инфраструктура и безбедност, деловна интелигенција и напредни бази на податоци, управување со проекти, развој на апликации за Windows, Visual Studio 2015 и развој на мултиплатформи, со користење на Мајкрософт и технологијата open-source, со претставување на решенија кои се користат во едукацијата.

Експертите од КИНГ ИЦТ на конференцијатат ќе одржат две предавања. Во првото ќе  презентираат како со помош на T-SQL, Power Pivot и останатите Power BI add-in да се направи едноставна, а сепак моќна БИ-алатка за следење и анализа на работата на SQL-серверот, а во второто имплементација на  BI/DWH систем во ЈП „Елктростопанство“ БиХ.

Распоред и резимеа на предавањата од страна на експерти од КИНГ ИЦТ:

Иван Тепеш, КИНГ ИЦТ и Селма Ковачевиќ, Електростопанство БиХ: Студија на случај - Имплементација на BI-системи и бази на податоци, во ЈП „Електростопанство“ на БиХ - предизвици и очекуваните придобивки  (Галерија, 19.4.2016 год. во 12:00)

Ќе биде презентиран конкретен проект за имплементација  на  BI/DWH-систем во ЈП „Електростопанство“ на БиХ. Проектот имаше за цел имплементација  на централна база на податоци за потребите на напредни бизнис-анализи, известувања и поддршка во деловното одлучување во сегментот на дистрибутивна дејност. Сегменти со кои ќе биде покриено предавањето се: опис на проблемите и ограничувањата со кои се соочува бизнис-сектор во анализите на податоци и известување; поставените цели, технички барања и обемот на проектот (опис на изворни системи и различни типови на податоци); опис на избраните технологии; динамика на имплементација на проектот, проблеми/дилеми во реализација, решавање на истите, резултати од проектот: опис на изведена состојба и сите компоненти на системот, форми и алатки за известување (Stage/Prestage бази, OLAP, спецификации на  различни методи и технологии за полнење на податоците од изворните системи: директен пристап на базата, пристап View кој содржи збирни податоци итн.), со демо (презентација на пробни извештаи што произлегуваат од директни прашања до базата на податоци, или како резултат на OLAP-обработка на податоците).

Далибор Margotić, КИНГ ИЦТ – Портабл BI-алатки од домашна изработка за детекција на тесните грла и анализа на работата на SQL-сервер (Галерија, 20.4.2016 год. во 14:00)

SQL-серверот нуди околу 150 ДМВ и ДМФ (Dynamic Management Views/Functions) со помош на кои може да се добијат многу информации за работата на SQL-серверот, можат да се детектираат и дијагностицираат различни проблеми, вклучувајќи ги и проблематичните прашања и процедури.  Информации има доволно, но како со помош на сите тие силни податоци да се извлечат значајни заклучоци со цел да се добие целосна снимка за работење на SQL-серверот? Power BI тука доаѓа на помош за Excel. Предавањето ќе покаже како со помош на T-SQL, Power Pivot и останатите Power BI add-in може да се направи едноставна, а сепак моќна БИ-алатка за следење и анализа на SQL Server, кој може за 10 мин да се конфигурира за да работи со кој било продукциски SQL-сервер.  Пеку низа примери ќе се покаже како со помош на ваква алатка може да се  детектираат причините за забавувањето на SQL-серверот, без оглед дали се работи за процесорот, меморијата или дискот, и како на визуелно ефективен начин (во форма на dashboard) да се добие увид во кое време одредени прашања и процедури најмногу го оптоваруваат серверот. Со помош на така добиените информации можеме прецизно „хируршки“ да пристапиме кон решавањето на проблемот, а по неопходните интервенции може да се спореди со состојбата на системот пред и по интервенцијата. Таквиот пристап ни овозможува документирање на спроведените оптимизации, како доказ за исправноста на работењето на SQL-серверот, по нашата интервенција. Доколку ве интересира како да се направи таква алатка придружњете ни се на предавањето.

Далибор Марготиќ многу години се занимава со областа на бизнис-бази на податоци и алатки за деловна интелигенција. Преку низа примери ќе демонстрира како со помош на T-SQL, Power Pivot и останатите Power add да се направи едноставна, а сепак моќна БИ-алатка за следење и анализа на SQL-серверот, и како таквата алатка може да помогне при откривањето на забавувањето на SQL-серверот. Така добиените податоци ќе овозможат прецизно решавање на проблемите и споредување на состојбата на системот, пред и по интервенцијата, како и документација на спроведената оптимизација.

Сите предавања ќе се одржуваат во конгресниот центар на Гранд Хотел Неум. Отворањето на конференцијата е планирано за 18.4.2016 година во 18:00 часот.

Повеќе за конференцијата