Новости

Meѓународна награда за КИНГ ИЦТ


На Регионалниот форум на Европа за социјална сигурност кој се одржа во Стокхолм од 18 до 20 април 2016 год., решението на КИНГ ИЦТ електронски записи (ЕРПС) за Хрватскиот завод за пензиско осигурување сe вброи меѓу наградените проекти, според изборот на назависна меѓународна комисија.

Форумот на Европа за социјална сигурност се одржува во организација на  Меѓународното здружение за социјално осигурување (The International Social Security Association, ISSA). Во фокусот на Форумот се клучните иновации во системите за социјално осигурување,како и добрата практика која ја докажува посветеноста на европските институции за социјална сигурност на квалитетот во своето работење. Овој настан е клучна платформа за размена на информации, анализа на состојбата и управување со социјалната сигурност во Европа.

Доделувањето на наградите и признанијата за добра практика реализирана  во тригодишен циклус е главниот настан на Форумот. Оваа година, за наградата за нови и иновативни решенија во областа на социјалната сигурност аплицираа 71 проект од 27 организации во 19 земји. Главната награда ја доби ирскиот Оддел за социјална заштита, за проектот на интеграција на системот за социјална заштита и службата за вработување.

Решението „Електронски записи за Хрватскиот завод за пензиско осигурување“ e еден од 12 проекти наградени со признание со посебна пофалба.

Што е ЕРПС?

Евиденција на работно-правниот статусот или EРПС е решение кое им овозможува на корисниците по електронски пат да побараат и добијат потврда за работно-правниот статус на вработување во форма на електронски запис или дигитално потпишан документ во PDF-формат кој може да се отпечати, а потоа да му се провери кредибилитетот преку јавен пристап до интернет. Системот е реализиран како надградба на постоечкиот систем за електронско управување со документи, кој е, исто така, реализиран од страна на КИНГ ИЦТ за Хрватскиот завод за пензиско осигурување.

Електронскиот запис, како една од новите функционалности на системот за управување со документи, реализиран е во согласност со важечката законска регулатива за електронскиот документ, како и со Уредбата за организациски и технички стандарди за поврзување во државната информатичка инфраструктура.
Едно од клучните барања на проектот беше обединување на повеќе техничко-деловни компоненти (ЕСУД, веб-страници на Заводот и базата на активни осигуреници) кои веќе се користат во Заводот во еден деловен процес, односно во една услуга.

Решението претставува еден од важните чекори кон модернизацијата на работењето во ХЗМО, со тоа битно се поедноставуваат административни процедури и се забрзуваат процесите, во корист на крајните корисници на услугите на Заводот. Важноста и придобивките од награденото решение ги согледа и комисијата на Меѓународното здружение за социјално осигурување.

КИНГ ИЦТ го реализираше проектот за имплементација на електронскиот запис во соработка со фирмата Активис, која е член на групата специјализирана за ДМС-решенија.

Повеќе за наградите погледнете на: International Social Security Association