Новости

На конференцијата ЦЕЕСЦА ќе го презентираме проектот кој е имплементиран во ХЖ Патнички превоз


Од 12 до 14 септември во Дубровник ќе се одржи  20-та ЦЕЕСЦА-конференција.

Организатор на конференцијата е истоименото здружение Централ Истерн Јуропиан Смарт Кард Асосиејшн (Central Eastern European Smart Card Association) која заедно ги собира водечките претставници од банкарскиот и финансискиот сектор, претставниците на мобилните оператори, трговците, компаниите за кредитни картички, претставниците од транспортниот сектор, државниот сектор, како и сите заинтересирани припадници на т.н. Смарт-индустрија во Централна и Источна Европа.

На конференцијата КИНГ ИЦТ, заедно со нарачателот - компанијата ХЖ Ппатнички превоз, ќе го презентира проектот за имплементација на новиот систем на продажба на билетите. Освен на благајните, проектот овозможи продажба на патнички билети преку современите канали - онлајн продажба преку интернетскиот портал ХЖ Патнички превоз и со паметен телефон. Исто така ќе бидат презентирани и канал за продажба на билети на безготовински автомати, каде што билетите ќе се купуваат со користење на класичниот метод на плаќање.

Главната причина зашто е овој проект интересен и избран за презентација на ЦЕЕСЦА-конференцијата е во тоа што ХЖ Патнички превоз, со модернизација на канали за продажба на билети, сите постоечки картонски легитимации (месечни, повеќемесечни до годишни) ќе ги замени со смарт-картички.

Предавањето ќе го одржи  Томислав Сабиќ, директор на продажба и маркетинг на компанијата ХЖ Патнички превоз и Оливер Смолчиќ, водител на развој во деловно работење на КИНГ ИЦТ, а во него ќе биде подетално претставено решение од технички аспект, како и деловни придобивки од страна на новиот систем.

Повеќе за конференцијата за https://ceesca.org/