Новости

Наградена кампањата за заедничка земјоделска политика на ЕУ спроведена од КИНГ ИЦТ и од партнерите


Маркетинг кампањата со која хрватските земјоделци беа информирани за заедничката земјоделска политика на ЕУ го освои престижното второ место во конкуренција на дури 118 проекти на годинашното доделување награди за комуникација за Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Компаниите КИНГ ИЦТ, „Екотокса“ и „Синергизе“ спроведоа проект за техничка помош ИПА 2007 „Јакнење на капацитетот на Агенцијата за плаќања“ што беше финансиран од Европската унија. Во рамките на проектот беше спроведена и информативна кампања за земјоделците за Заедничката земјоделска политика, која го освои второто место на Европската комисија во категоријата комуникација со јавноста – CAP Communication Awards (награди за комуникација за Заедничката земјоделска политика), во конкуренција на 118 проекти.

Преку информативната кампања „Европската иднина на хрватскиот земјоделец“, во текот на 2012 и на 2013 година хрватските земјоделци беа информирани за заедничката европска земјоделска политика што во вкупната годишна пресметка на ЕУ зазема повеќе од 40 проценти. Кампањата беше мошне информативна и опфати широка публика, при што се користеа летоци, брошури, плакати, телевизиски спотови и документарни филмови.

Покрај реализацијата на кампањата, во рамките на целиот проект, во соработка со хрватски и со странски партнери, КИНГ ИЦТ имплементираше систем за доделување, следење и за контрола на плаќањата на земјоделците и спроведе едукација на повеќе од 600 вработени во Агенцијата за плаќања во земјоделството, рибарството и во руралниот развој за користење на системот. Исто така, повеќе од 800 земјоделци беа едуцирани за таканаречените услови за повеќекратна усогласеност.

Корисни линкови: