Новости

Најавуваме 11-ти ден на отворени интеграции


Со особено задоволство најавуваме дека Денот на отворени интеграции ќе се одржи на 17 март 2016 година во хотелот Антуновиќ, во Загреб.

Бизнис–информатичка конференција на КИНГ ИЦТ „Ден на отворени интеграции“ се одржува по 11. пат и повторно ќе учествуваат неколку стотици менаџери и членови на управи на истакнати приватни и јавни претпријатија, влијателни бизнисмени и експерти, претставници на јавната и државната администрација.

Главна тема на овогодинешната конференција е:

ЗНАЧАЈНИ ПРОМЕНИ ШТО НИ ГИ НОСИ ВРЕМЕТО
Дигитална (и секоја друга) трансформација

 – Дали дигиталната трансформација значи дека секојдневниот живот и трговијата стануваат (не)поднослива леснотија на постоењето, или е токму спротивно?
 – Оваа технологија е зрела и првпат со сигурност може да се каже дека ја одредува насоката во која се движи успешниот бизнис.
 – Колку сме подготвени за креативност и нови видови на иновации во различни области? Дали сме зрели за дигитализација на државата, општеството, пазарот и животот?
 – Што, всушност, ќе се случува во ова време на промени, во кое се менувааат услугите и потрошувачите, понудата и очекувањата, начинот на управување?

За тоа ќе зборуваме со нашите предавачи и гости на тркалезната маса, кои доаѓаат од сите релевантни кругови - водечки консултантски куќи, мали и големи компании со различни позиции на пазарот, од институциите, политиката и јавната администрација.

Посебен и секогаш атрактивен дел на нашата конференција е ДЕМО соба, каде што ќе ги претставиме најдобрите решенија и проекти кои ги имплементиравме кај нашите клиенти.

Бизнис-технолошки работилници, каде што учесниците ќе можат да слушнат и да научат повеќе за новите технологии и да учествуваат во дискусии, се покажаа како мошне успешна содржина на нашите конференции. Така, и оваа година работилниците ќе бидат важен дел од Денот на отворени интеграции.

Учество на конференцијата е бесплатно.

Заинтересираните можат да се регистрираат за учество на конференцијата на www.king-ict.hr/konferencija, каде што можете да ги следите  и сите информации за настанот.

Со регистрирање на конференцијата обезбедувате:
- пристап на предавањата и работилниците;
- пристап до ДЕМО соба;
- стручни материјали од конференцијата;
- конференциски ручек.