Новости

Ние учествуваме на ФСЕЦ 2016


На 14. и 15. октомври во Вараждин ќе се одржи ФСЕЦ 2016, конференција посветена на информатичка безбедност.

Освен внимателен избор на теми и предавачи, специфичноста на ФСЕЦ конференцијата, е да обезбеди можности за собир на ИТ-професионалци во областа на информатичка безбедност во Хрватска за да дискутираат за трендовите и предизвиците во областа на информатичка безбедност и да разменат мислења и идеи во потрага по нови решенија.

Како дел од официјалната програма на конференцијата, Нино Талиан, експерт на КИНГ ИЦТ во областа на информатичка безбедност, ќе зборува за можностите и предностите на интеграцијата на логичката и физичката заштита. Во тек на презентацијата, на учесниците на конференцијата, ќе им објасни како со овој метод најефикасно да се заштитат информациите и имотот,  и како на време да се откријат и спречат можните измами и упади. Ќе го претстави принципот на поврзување и хармонизирање на серија системи за управување, со што на корисникот му се овозможува да со една картичка и/или со алтернативни методи на напредна аутентификација (на пр. софт токен во смартфон)да врши пријава на системи за логичка и физичка контрола на пристап.

Во прилог на предавањто, како дел од демо-програмата на конференцијата, на штандот на КИНГ ИЦТ, учесниците ќе бидат во можност да видат како функционираат избраните решенија за информатичка безбедност и да разговараат со нашите експерти за сите предизвици на имплементација.

Ги покануваме сите заинтересирани учесници на конференцијата да дојдат на предавање кое ќе се одржи во среда, 14.9. во 17:00 часот на главната сцена, како и да нè посетат на демо-штандот.