Новости

Нов член на тимот на КИНГ ИЦТ


Од 1 ноември на КИНГ ИЦТ ѝ се приклучи Роко Роиќ, на позицијата директор на софтверски испораки. Г. Роиќ е реномиран стручњак во ИТ-секторот, со повеќе од 15 години искуство во развојот на ИТ-системите. Со оваа аквизиција КИНГ ИЦТ ја потврди својата позиција на компанија што, благодарение на врвниот кадар, е способна да се соочи со најкомплексни проекти.

КИНГ ИЦТ ги зајакна своите редови со нов член – од 1 ноември на компанијата ѝ се приклучи Роко Роиќ, на позицијата директор на софтверски проекти.

Роко Роиќ работел на одговорни позиции во големите ИТ-интегратори во Хрватска и во својата кариера се занимавал со развој на софтвер, управување со проекти, ширење на деловно работење и со односи со глобални и со локални принципали. Неговото искуство во испорака на комплексни ИТ-системи се протега на различни индустриски сектори – телекомуникации, медиуми, финансиски институции, јавен сектор итн. Роиќ е член на управниот одбор на Agile Croatia, предавач на стручни конференции и автор на трудови од подрачјето на развој на софтвер.

Со доаѓањето на г. Роиќ, КИНГ ИЦТ ја потврди својата позиција на респектабилна компанија што на едно место собира врвни стручњаци и, благодарение на својот кадар, е способна да ги решава и најкомплексните барања на корисниците.