Новости

Нов член на Управата на КИНГ ИЦТ


Со одлука на Надзорниот одбор на КИНГ ИЦТ, Сенди Радиќ, досегашен директор на Секторот за реализација на проекти, е именуван за трет член на Управата на КИНГ ИЦТ.

На ниво на компанијата,  г. Радиќ првенствено ќе биде одговорен за сегментите ефикасност и квалитет на испорака на проекти, задоволство на купувачите, пополнетост со кадри и со ресурси, управување со капитал, развој и имплементација на системи на управување со квалитет, како и за придружните алатки во РХ и во регионалните компании.

Како на компанија што максимално е ориентирана кон задоволството на корисниците, на КИНГ ИЦТ ѝ се од исклучителна важност грижата за спроведување комплексни проекти и севкупното задоволство на корисниците со квалитетот на испорачаните решенија. Со своето искуство, како и со досегашната работа и унапредувањето на процесот како директор на Секторот за реализација на проекти, г. Радиќ се докажал како вистинска личност за оваа позиција. Низ долгогодишното работно искуство се здобил со многубројни значајни вештини на водење, решавање на проблеми, носење одлуки и тимска работа, а тоа го покажа при управувањето со многубројни проекти во КИНГ ИЦТ.

Г. Радиќ дипломирал на Факултетот за организација и информатика во Вараждин и завршил стручни студии на управување со одбранбени ресурси на Универзитетот за стратегиски студии и економика на одбраната „Џорџ К. Маршал“ во Гармиш-Партенкирхен во Германија. Покрај работата, продолжил дополнително да се усовршува и магистрирал на Одбранбените студии на Универзитетот во Лондон.

Г. Радиќ поминал шест години од животот во усовршување во странство, работејќи во Здружената команда на вооружените сили на НАТО во Лисабон и во мисијата на ОН во Сиера Леоне.