Новости

Нов систем на продажба за ХЖ Патнички превоз


Во ХЖ Патнички превоз, во рок од 18 месеци, ќе биде имплементиран нов интегрален систем на продажба и на резервација на билети. Управата на ХЖ Патнички превоз потпиша договор со избрана група понудувачи, составена од компаниите Шаит унд Бахман ГмбХ од Германија, КИНГ ИЦТ д.о.о. од Загреб и Четрта пот д.о.о. од Словенија, за инвестиција во вредност од 43,3 милиони куни.

Новиот систем опфаќа воведување централен систем за продажба на билети што од 0 до 24 часот поддржува онлајн-продажба на билети преку интернет-порталот на ХЖ Патнички превоз и преку апликација за паметни телефони, а корисниците ќе можат бесплатно да ја инсталираат на своите мобилни телефони.

Исто така, се воведува и продажба на билети на стабилни автомати. Станува збор за безготовински автомати каде што во секое време од денот корисниците ќе можат самостојно да купат превозен билет користејќи начин на плаќање со картички. Нов канал на продажба се воведува и кај кондуктерите кои ќе користат 580 мобилни терминали за контрола и за продажба на билети во возовите. Исто така, ќе се спроведе модернизација на постојниот начин на продажба на билети по пат на стабилни терминали на билетарниците и се планира воведување на 150 илјади смарт-картички што ќе ги заменат постојните картонски картички за идентификација за месечни, повеќемесечни и за годишни билети.
 
Целото соопштение за јавност на ХЖ Патнички превоз побарајте го на:
http://www.hzpp.hr/novi-sustav-prodaje