Новости

Организираме Ченџ (Change) конференција!


КИНГ ИЦТ ja иницира својата прва специјализирана и отворенa техничка конференција посветена исклучиво на темите поврзани со развојот на ентерпрајз (enterprise) решенија. Ченџ-конференцијата ќе ги собере експертите од Хрватска и регионот, a низ интересни предавања ќе се водат дискусии за трендовите на развој на технологијата и можностите и предизвиците со кои се секојдневно соочуваат голем број експерти во развојот на бизнис-решенија.

На еднодневната конференција на 15 октомври, во конференциски сали на  загребската фабрика за чоколадо „Краш“, ќе се соберат над 300 учесници од ИКТ-секторот од Хрватска и регионот кои сакаат информации за искуствата на експерти за современиот блидинг-еџ (bleeding-edge) развој на софтвер за ентерпрајз-системи.

Она по што  Ченџ-конференцијата се разликува од сите други ИТ-конференции од сличен карактер  е токму акцентoт  на оној дел од  ИТ сцената кој што ги сочинува нејзините темели, а тоа е развојот на ентерпрајз-решенија. Конференцијата е од отворен тип. Учесниците ќе имаат можност од прва рака да слушнат за најновите иновации во индустријата и да дознаат што мислат некои од успешните луѓе на нашата сцена во врска со иднината на деловните технологии. Со внимателен избор на предавањата за „првиот број“ на нашата конференција, сакаме да покажеме дека „локалните“ инженери може да направат големи нешта и дека глобалниот успех не е резервиран само за оние преку океанот. Конференцијата ја сметам за идеална можност да дознаете повеќе за добрите практики и иновативни идеи за .Нет, а во исто време ќе научите и за подобрување на перформансите на ентерпрајз-апликациите во Jава-средините. Животот во различни развојни средини е толку близок што има многу заеднички теми, како што се микросервисите практиките на континуирана испорака (continuous delivery) и агилните методологии.“, изјави Роко Роиќ, директор на содржината на Ченџ-конференцијата.

Примарно Ченџ-конференцијата е наменета за развојни инженери и ИТ-стручњаци, без оглед на технологијата која ја користат, таа ќе се фокусира на актуелни теми за развој на деловнот софтвер, со примери за користење на најнови технологии, трендови во индустријата, докажани методологии и најдобри практики.

"КИНГ ИЦТ, со повеќе од 18 години искуство во регионалниот пазар, настапува како водечки системски интегратор. Организација на конференција од ваков вид за нас претставува природен тек на нашиот ангажман да ги споделиме со заедницата своето знаење за развојот на напредните бизнис-решенија и големото искуство на нашите консултанти и партнери. Еднодневната конференција ќе поттикне дебати за темите кои се релевантни во денешната ентерпрајз индустрија и нуди можности за вмрежување и партнерство.“, додаде Роко Роиќ.

Дел од предавачите и експертите што ќе се приклучат на Ченџ-конференцијата се:

- Виктор Фарчиќ, софтверски консултант со долгогодишна адреса во Шпанија, во моментов вработен во компанијата КлаудБис (CloudBees), на развојот на платформата на ентерпрајз Џенкинс (Jenkins), за спроведување на континуирана интеграција (ЦИ) и континуирана испорака (ЦД). Тој е, исто така, „Docker“ шампион и автор на две книги за Јава.

- Матјаж Б. Јурич, професор на универзитетите во Љубљана и Марибор, автор на десетина книги за ентерпрајз развој на софтверот. Maтjaж е член на советодавниот одбор на БПЕЛ и промотор на голем број модерни концепти во развојот на софтверот, додека пак, на конференцијата ќе зборува за микросервисите.

- Алан Павичиќ, фриланс мултиленгвиџ (freelance multilanguage) програмер и опен-сорс (open-source) гуру кој своето долгогодишно искуство го стекна со работењето на комерцијални и опен-сорс проекти. Тој е автор на ЛИСП-компајлерот во Јаваскрипт (JavaScript), а неговата страст кон голем број програмски јазици одлучи да ја сподели со пошироката заедница и затоа е организатор на ЛангЛанг (LangGang), собир на програмери кои имаат заеднички интерес за Lisp, Smalltalk, Haskell и други „алтернативни“ програмски јазици.

- Дејан Босанац, вработен во компанијата РедХат (RedHat) и автор на книги од областа на MQ-интеграции и програмер на проектот ActiveMQ. Фокусот на предавањето на Дејан ќе биде токму системот ActiveMQ и модерен поглед на интеграцијата на ентерпрајз-решенијата.

- Лука Ферлеж, раководител на развој во компанијата КИНГ ИЦТ, повеќе од 11 години работи исклучиво на големи ентерпрајз-системи како инженер за развој и архитект. Во своето предавање ќе обрне внмание на предизвиците и техниките за набљудување и детекција на тесните грла во развојот на ентерпрајз-системите.

- Миљенко Цвјетко, Xamarin евангелист и  поборник на повеќеплатформска преносливост на кодот и апликации. Од 2006 година работи со моно  framework, а од 2010 година - со моно мобилни платформи Xamarin.iOS и Xamarin.Android. Во последниве две години тој е официјално дел од тимот на Xamarin core.

- Марко Тополник, докторант на Факултетот за електротехника во Загреб, во моментов работи како инженер за развој на компанијата Hazelcast, на развојот на истоимената платформа за управување со групи и со кластерот. Платформата Hazelcast им помага на водечките компании да управуваат со нивните податоци и процеси во банкарскиот сектор со цел да се постигнат подобри перформанси.

Ограничен е бројот на местата за оваа конференција, па затоа заинтересираните учесници може денес да си обезбедат билет по цена од 100 куни, односно 60 куни за студентите.

Комплетен распоред е достапен на веб-страницата на конференцијата http://www.changecon.com/

Се гледаме на конференцијата!