Новости

КИНГ ИЦТ партнер на „Научниот пикник“


Годинашниот „Научен пикник“ беше одржан на 15 септември во паркот на Боќарски дом во Загреб. Како партнер на пикникот и покровител на настапот на естонските популаризатори на науката од научниот центар АНАА, КИНГ ИЦТ уште еднаш го даде својот придонес во популаризацијата на науката.

„Научниот пикник“ е настан со кој на забавен начин се промовира науката и учесниците учат за интересните факти на научните феномени.

Како функционираат работите? Поради што можеме да одиме по вода? Како да создадеш музика со помош на науката? Како горат калориите? А како работат батериите? Ова се само некои од прашањата на кои одговараа научните комуникатори и едукатори што ги имаше 200 од 10 држави од светот.

Додека на главната сцена се менуваа научните шоуа и театарските претстави, меѓу кои и монодрамата на научникот Марко Кошичек за случајните научни откритија, на повеќе од 20 пунктови се менуваа работилници, предавања и експерименти во кои учествуваа сите заинтересирани. Најмладите го изработуваа и Полето на позитивна енергија што го пополнуваа со ветерници што сами ги изработиле со помош на професорите и учениците од Училиштето за применета уметност и дизајн.

Министерството за наука, образование и спорт го прогласи проектот „Научен пикник“ („Znanstveni piknik“)  за еден од најиновативните проекти за популаризација на науката.

Компанијата КИНГ ИЦТ и порано, преку разни активности, се докажа како еден од активните промотори на науката и на образованието. На годишната конференција „Ден на отворени интеграции 2013“ (ДОИ) на КИНГ ИЦТ, членовите на ЗЕЗ (Научно-едукативен забавен центар) се претставија со предавање, а уште минатата година компанијата ги повика учениците од Математичко-информатичкиот образовен центар во Загреб да ја посетат конференцијата ДОИ.

Намера на КИНГ ИЦТ е и понатаму да ги поддржува напредните проекти поврзани со науката и со образованието и да ги поттикнува младите да стекнуваат знаења вредни за пофалба.