Новости

Партнерство со компанијата Глобал кaше (Global Caché)


КИНГ ИЦТ потпиша договор за партнерство со Глобал каше, компанија специјализирана за управување и контрола на мултимедијални уреди. Американската компанија Глобал каше е присутна на пазарот од 2002 година.

Во развојот на производите, компанијата се фокусира на отворени системи, индустриски стандарди, стратешко планирање и иновации. Таквиот пристап ѝ овозможи да се стекне и да одржува водечка техничка и пазарна позиција во областите на контрола и автоматизација.

Како стратешки партнер, КИНГ ИЦТ, заедно со компанијата Глобал каше, ќе работи на развојот на концептот на паметни куќи (Smart Home). Концептот на паметни куќи  претставува иднина на модерното живеење и овозможува економичен и еколошки освестен начин на живот.

КИНГ ИЦТ веќе има искуство во имплементација на системи за паметни куќи. Пример за успешно завршен проект се системите за паметни куќи во Бан-центарот, луксузен стамбен комплекс во центарот на Загреб. Стратешкото партнерство со Глобал каше му овозможува на КИНГ ИЦТ проширување на понудата и усовршување на компетентноста во оваа важна област.

Повеќе за компанијата Глобал каше и нејзините производи и иновации, може да се прочита на: http://www.globalcache.com/