Новости

Подобрување на партнерскиот статус Чек поинт (Check Point)


Со гордост објавуваме дека КИНГ ИЦТ врз основа на постигнатите резултати и стекнатите стручни  сертификати  постигна повисоко ниво на партнерски статус  на  компанијата Чек поинт.

Со подигнувањето на партнерскиот статус  влеговме  во потесниот круг на само 3 компании партнери со ова ниво на компетентност во Хрватска и шест во Јадранскиот регион.

Партнерството со еден од најпознатите светски добавувачи на безбедносни решенија ни овозможува да нудиме и во краток рок имплементираме  решенија кои ќе ги заштитат компаниите од злонамерни напади преку интернет и ќе спречат кражби на нивните податоци. Денес, заштита на доверливи податоци е едно од најважните прашања, со оглед дека организациите секојдневно се изложени на злонамерни закани.

Со новиот, повисок статус КИНГ ИЦТ ќе реализира бројни поволности, и тоа во форма на техничка поддршка, алатки за продуктивност, онлајн обука, маркетинг ресурси и продажни промоции.