Новости

Потпишан договор за реализација на проектот „Имплементација на заеднички сервиси за e-услуги“


Драган Ќузулан, координаторот за реформа на јавната администрација и Адис Побриќ, овластениот претставник на фирмата КИН ИЦТ, денес во Сараево, потпишаа договор за реализација на проектот „Имплементација на заеднички сервиси за e-услуги“.

Ова е седми проект од областа на реформата на јавната администрација што започна да се реализира во оваа година.

„Воведувањето на електронските сервиси и нивната примена ќе го олесни секојдневниот живот на граѓаните, деловните субјекти и на вработените во јавната администрација. Целосната имплементација на проектот ќе им овозможи на граѓаните и правните лица да можат по електронски пат да ги поднесуваат барањата за реализација на услуги од страна на Институтот за мерки на БиХ, исто така ќе можат да додаваат електронски прилози, да вршат електронско плаќање, да добијат термин за реализација на услугата, да добијат информации за статус на предметот, да пребаруваат сертификати, решенија и сл., секако по електронски пат“, рече Драган Ќузулан, координаторот за реформа на јавната администрација.

Тој додаде дека услугата на ниво на Федерацијата на БиХ се однесува за областите на премер и катастар на недвижности (издавање копија на план, препис на имотен лист и барање за парцелизација на земјиште) на Федералната управа за геодетски и имотно правни работи.

„На ниво на Република Српска, тоа е електронска услуга за добивање дигитализирани катстарски документи. На ниво на областа Брчко, се работи за електронската услуга вработување во јавната администрација на БД БиХ, а тоа е услуга за граѓаните кои сакаат да аплицираат на конкурс за пополнување на работни места во јавната администрација на БД БиХ“, рече координаторот на реформата на јавната администрација. Според него, со имплементација  на овие пилот-онлајн услуги, граѓаните и деловните субјекти ќе имаат директна корист од проектот, бидејќи услугите ќе им бидат на располагање во секое време и од кое било место, без оглед на полот, возраста, образованието и сл.

Адис Побриќ, овластениот претставник на конзорциумот на компаниите КИНГ ИЦТ д.о.о. Сараево, Ланако д.о.о. Бања Лука и Лирекс БГ Лтд, Софија, Бугарија, го изрази своето задоволство поради тоа што овој конзорциум е носител на проектот.

„Ние го имаме потребното искуство и референци за оваа работа, бидејќи и претходно имплементиравме слични проекти во БиХ и во регионот. Во соработка со Канцеларијата на координаторот за реформа на јавната администрација и со корисниците на проектот, очекуваме успешна имплементација“, рече Побриќ.

Корисниците на овој проект се: Генералниот секретаријат на Советот на министри БиХ, Одделот за одржување и развој на системот за е-бизнис и е-влада, ИДДЕЕА - Агенцијата за документи за идентификација, евиденција и размена на податоци, Агенцијата за информатичко општество на РС, Секторите за ИТ во Генералните секретаријати на Влади на ФБиХ и РС, Сојузното министерство за транспорт и комуникации, Одделение за информатика на Владата на дистриктот Брчко во БиХ.

Вредноста на проектот изнесува 1 320 930,00 KM со ДДВ, а средствата за имплементација на проектот се обезбедени од Фондот за реформа на јавната администрација. Проектот ќе се реализира во наредната година.