Новости

Предавање на конференција Javantura v3


КИНГ ИЦТ ќе учествува на третото издание на Javanture - стручна конференција за Јава и сродните технологии.

Јава е еден од најпопуларните програмски јазици во светот кој се користи од страна на повеќе од девет милиони програмери, а конференцијата Javantura v3, во организација на Хрватското здружение на Јава-корисниците (HUJAK), еден е од клучните настани за Јава-програмери во Хрватска.

Конференцијата ќе се одржи во сабота, 20.II. 2016 година во хотел Интернационал во Загреб, со почеток во 9 часот.

Околу 200 учесници, главно развивачи на софтвер и софтверски архитекти, како и проект-менаџери, преку 22 предавања организирани во две сесии, ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во врска со Јава, да се запознаат со некои од тековните проекти, технологијата и алатките кои се користат во нивниот развој.

КИНГ ИЦТ на конференцијата ќе го претстави Матија Цапан кој ќе одржи предавање на тема „Rational Team Concert – integrated agile development and collaboration tool”. Во своето предавање тој ќе објасни како во практика се користи алатката RTC и сите можности кои им ги нуди на програмерите (дивелопери),  крам-мастерите (scrum master) и на сопствениците на производот. Предавањето ќе се одржи во 13:20 часот.

Освен Матија Цапан, како коорганизатор на конференцијата активно ќе учествува уште еден експерт од КИНГ ИЦТ - Александер Радован.

Повеќе информации за конференцијата се достапни на: https://javantura.com/