Новости

Предавање на конференцијата ЦУЦ 2015


Оваа година конференцијата на КАРНет ЦУЦ (CARNet CUC) насловена како „Нове-школе“ ќе се одржи на 18 и 19 ноември во Дубровник.

Во текот на конференцијата, чијашто основа е трансформацијата на наставно-образовниот процес, со цел да се создадат нови, дигитално зрели училишта, КИНГ ИЦТ ќе се претстави со предавањето „Напредните концепти на енергетската ефикасност и подигање на нивото на безбедноста во училиштата“.
 
Предавањето ќе го одржи Матија Мандиќ, директор на Секторот за техничка заштита и пасива. Тој, низ примери од  практиката, ќе прикаже можности да се постигне заштеда во училиштата со примена на концептот на „паметна“ контрола на енергенти - електрична енергија, гориво, гас и вода.
Предавањето исто така, ќе се осврне на многу актуелна тема - подигање на безбедноста во училиштата, односно спречување на вандализам, генерациско насилство и заштита на имотот, што особено ќе се стане битно по воведувањето на проектот е-школа и информатичка опрема што се користи во образованието.

На крајот на предавањето, преку практични примери, ќе биде прикажана синергија на системи за техничка заштита и нивната интеракција со системи за енергетска ефикасност.

Предавањето е во четврток, 19 11, со почеток во 10:15 ч.
Predavanje je na rasporedu u četvrtak 19 11 u 10:15h.
 
Повеќе за конференција ќе дознаете на: http://cuc.carnet.hr/2015