Новости

Преглед 2017: Региони, партнерства и награди


Единаесеттата година на КИНГ ИЦТ во БиХ е одбележена со големи проекти и со освоени награди.

Меѓу најзначајните проекти, секако е проектот е-услуги со кој беа поврзани 14 институции на Босна и Херцеговина и Република Српска. Станува збор за досега најсложениот проект на територијата на Босна и Херцеговина кој придонесува за дигиталната трансформација на босанско-херцеговското општество. Пилот услугите и сервисите ќе им овозможат на граѓаните и на правните лица побрз и полесен пристап до информации, а на јавната администрација потранспарентен начин на работа. Имплементација на проектот траеше 15 месеци а во неговото спроведување беа вклучени повеќе од 100 експерти.

На проектот е-Услуги се потпира и проектот за имплементација на новиот центар за податоци за Високиот судски и обвинителски совет на БиХ. Во производство и пуштен и Системот за плаќање на субвенции за подрачјето на Федерацијата.

КИНГ ИЦТ партнер на годината

Во конкуренција на партнери од Microsoft кои испорачуваат водечки решенија за клиентите засновани на технологијата на Microsoft, КИНГ ИЦТ беше именуван Мајкрософт партнер на годината во Босна и Херцеговина.

Секоја година Microsoft доделува партнерски признанија во повеќе категории на глобално и на национално ниво а оваа година во изборот учествуваа над 2.800 учесници од 115 земји.

Исто така, КИНГ ИЦТ доби статус на Hewlett Packard Enterprise GOLD Server Specialist. Компанијата е прва и во моментов единствена со таков статус во Босна и Херцеговина. Покрај GOLD Server Specialist, КИНГ ИЦТ во Босна и Херцеговина е носител на статусот Silver Storage Specialist.

Македонија

Во Македонија спроведовме размена и миграција на комплетната ИТ инфраструктура за Алкалоид. Реализацијата на проектот траеше шест месеци.  Експертите на КИНГ ја заменија постојната структура со современа платформа која ги спојува традиционалните серверски технологии со новите cloud технологии. 

ОЗНАКАТА ОРИГИНАЛНО ХРВАТСКО ЗА РЕШЕНИЕТО НА КИНГ 

Истражувањето и развојот се исклучително важна компонента на КИНГ ИЦТ. На нашите експерти сакаме да им обезбедиме работна средина која ја поттикнува нивната креативност и желбата за креирање решенија кои ги задоволуваат потребите на нашите клиенти. Едно од таквите решенија е HRplus – НRM решение за поддршка на квалитетот на управувањето со човечките ресурси, кое оваа година ја доби ознаката "оригинално хрватско". Станува збор за ознака која им се доделува на производите и услугите кои се создадени благодарение на иновациите и развојно-истражувачката работа на хрватските компании или граѓани. 

Во моментов HRplus го користат голем број компании од Хрватска и од регионот, меѓу кои и Кроација осигурување, ХПБ, Нова ТВ, ЈАНАФ, МСАН Групацијата и многу други.

ГОЛЕМ УСПЕХ НА НАШАТА НОВА КОНФЕРЕНЦИЈА CHANGE 

Софтверот стана гориво на новата дигитална економија, а програмерите станаа членки на општеството кои воведуваат иновација. Промената е видлива на овогодишното второ издание на нашата софтверска конференција Change која собра повеќе од 400 експерти од ИТ светот. Меѓународните експерти, 27 предавања и распродадената конференција ја потврдија улогата на Change како настан кој ги спојува членовите на ИТ индустријата од различни сектори, без оглед на нивната улога, програмскиот јазик или компанијата. Оваа година Change е фокусирана на микросервиси, cloud, вештачката интелигенција и машинското учење, како и отворањето на третиот пат се покажа како вистински погодок благодарение на предавачите кои доаѓаат од Google, Oracle, PayPal и Microsoft. 

Инспирирани од успехот на вториот Change, во 2018 година започнуваме со нов проект кој ќе ги собере младите талентирани програмери кои сакаат предизвици. Станува збор за hackathonu Change Code – натпревар на развојни програмери кои во 24 часа имаат задача да развијат одредена апликација. Change Code ќе биде наменет за сите студенти од хрватските универзитети и со универзитетите за применети науки.    

ОДГОВОРНОСТ КОН ЗАЕДНИЦАТА

Во 2017 година, покрај донаторски проекти во поширок спектар, воспоставивме партнерски односи со голем број на организации и образовни институции и учествувавме во организирање на настани кои промовираат инклузивност во општеството. 

Искуството вред злато

Еден таков проект е „Искуството вреди злато“. Проектот ги поврзува работодавачите со студентите од понизок економски статус и со студентите со некој вид на попреченост со цел да им овозможи на пракса кај работодавачот со цел да се зголеми нивното вработување во иднина. За КИНГ ИЦТ учеството во овој проект е од особено значење бидејќи ние сакаме го поттикнеме вработувањето на лицата со попреченост и да ја подигнеме свеста за проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат.

Соработката со факултетите  

Во 2017 година ја зајакнавме соработката со студентските здруженија и со универзитетите. Нашите експерти одржаа серија предавања на Факултетот за електротехника и компјутерски науки, Факултет за менаџмент и информатика во Вараждин, на ВЕРН и на многу други. Поддржавме настани како што се Научниот пикник во организација на Здружението „Професор Балтазар“, CARNet и Институтот Руѓер Бошковиќ, учествувавме на неделата на Кариера на ФОН и на Саемот за вработување на ФЕР. Ние ја отвори вратата и организиравме студентски и ученички посети во КИНГ ИЦТ во Бузин каде што посетителите имаа можност да се запознаат со сите наши сектори. 

Ние ги охрабруваме младите и талентирани луѓе, ги охрабруваме во нивните напори да се развијат и да се насочат кон она што го сакаат. Во соработка со TVZ организиравме Code Challenge 2017 - натпревар во решавање на мали проблемски задачи во ограничено време во популарни програмски јазици. Исто така, го спонзориравме патувањето во Јапонија на младите роботичари Ивана и Луција Јањиќ познати како Cro Twins, каде што на Светскиот натпревар во роботика постигнаа одличен резултат во категоријата програмирање на робот за спасување на повредени лица.