Новости

Претставени најнови Фортинет (Fortinet) решенија


На  14.06.2016 година, вторник, собравме 30-тина заинтересирани корисници со цел подобро да ги претставиме најновите решенија од  компанијата Фортинет.
Фортинет разви решенија кои помагаат во целокупната заштита на ИКТ инфраструктурата од внатрешни и надворешни безбедносни закани, без оглед на тоа дали се работи за жични или безжични мрежи.

Преку предавања и презентации на студии на случаи, корисниците беа запознаени со решение за заштита од напредни малициозни  закани, а потоа и со решението на Фортинет за безжична мрежа како и со  негова интеграција во безбедносното опкружување.

Презентацијата беше организирана заедно со партнерот на КИНГ ИЦТ, компанијата Нетсејф (NetSafe), која е претставник на  Фортинет решенија и производи.