Новости

Презентација на нови решенија за центри за податоци


Во четврток, 2611, во организација на КИНГ ИЦТ беше одржана презентација на најновите решенија за центри за податоци.

Преку презентација и демоприкажување, околу 40 заинтересирани учесници имаа можност да видат решенија на два принципала на КИНГ ИЦТ - Arscerve и Cisco.

Говорници од  Арксервер (ARCserve) дадоа увид во иднината на достапноста на податоци и преглед на новата генерација на нивните ARCserve UDP решенија, додека предавачи од Cisco ја претставија Cisco UCS - серверска платформа, која го поедноставува управувањето со инфраструктурата на центарот за податоци.

По презентацијата, учесниците во неформално дружење ги продолжија разговорите за актуелните технологии од оваа област.