Новости

КИНГ ИЦТ организираше презентација на решението Winshuttle


Минатата недела во организација на КИНГ ИЦТ беше одржана презентација на решението Winshuttle. Решението го претставија Марко Ненадовиќ, водител на решението, од КИНГ ИЦТ, и Кристофер Таун и Израел Розалес од „Виншатл“.

Во прашање е решение што овозможува автоматизирана работа со САП-системот, директно од Exсel, Access, SharePoint и други алатки, без потреба од дополнително програмирање.

Главни карактеристики на решението Winshuttle се флексибилност на апликацијата, едноставност на користењето и сигурност на податоците, како и усогласеноста на алатките со сите потребни САП-стандарди.

Winshuttle овозможува полесно управување со податоците преку централизирано внесување податоци во САП. Благодарение на проверката на податоците, која се одвива во текот на извлекувањето и на внесувањето податоци во САП, значително е намален ризикот од погрешно внесување податоци.

Работа со оваа алатка носи заштеда на време и на пари. Сведоци на тоа се повеќе од 1.700 корисници во светот, кои во моментов ги користат Winshuttle-решенијата за попродуктивно користење на САП-системот, со оцена за задоволство од 99%.