Новости

Презентација на Fortinet – ново решение


На 11.06.2015 год се собраа околу 20 заинтересираните корисници на кои поблиску им се претставени најновите решенија од Fortinet.

Fortinet има развиено решенија кои помагаат во сеопфатна заштита на ИКТ инфраструктурата и веб апликациите од внатрешни и надворешни закани.

Според проценките на Гартнер  во 2013 година биле нападнати  96% од сите објавени апликации на интернет. Во овие напади се обидуваат да се искористат слабостите на апликациите. Гартнер предвидува дека до 2018 година 80% од компаниите ќе имаат имплементирано дедицирано  решение кое ќе штити од напади, како што Топ 10  OWASP закани (SQL Injection, Cross Site scripting ...).

Преку предавањата и демо, корисниците ги запознаа FortiWeb и FortiGate производите и добија идеи за тоа како стратешки да пристапат во создавањето на напреден систем за заштита од напади.

Презентацијата беше организирана заедно со партнерот КИНГ ИЦТ, компанијата NetSafe и претставник на Fortinet решенија и производи.