Новости

РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА КИНГ ИЦТ ВО 2019 ГОД.


УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА Е ПОЗАДИ КИНГ ИЦТ

Во третата деценија, КИНГ ИЦТ зачекори со проширен опсег на бизниси, оставајќи зад себе година обележана со бројни соработки при кои остваривме позитивни трендови во сите области на работење. Воспоставени се нови и зајакнати се постојните меѓународни партнерства, поради кои добивме можност да работиме со најмодерни технологии во корист на нашите корисници.

Како што се гледа во следната целина, КИНГ ИЦТ оваа година успешно имплементираше бројни решенија за клиенти во Хрватска и регионот, а ја продолжи и својата експанзија на меѓународниот, глобалниот пазар. Влегуваме во 2020 година со 500 вработени и со гордост можеме да кажеме дека 2019 година беше најуспешна година во историјата на КИНГ ИЦТ според проценетите консолидирани приходи поголеми од 1 милијарда ХРК.

Успех на домашниот и меѓународниот пазар

Не радува тоа што можеме да кажеме дека годината што ја напуштаме е обележана со успешни проекти и дека нашите експерти имплементираа модерни и квалитетни решенија за домашниот и странскиот пазар.

ПРОЕКТИ КОИ ЈА ОБЕЛЕЖАА 2019 ГОД.

НАТО

КИНГ ИЦТ оваа година потпиша два договори со Агенцијата за комуникации и информации на НАТО (АКИН). По имплементацијата на информатичка мрежна опрема во Холандија, КИНГ ИЦТ ќе имплементира решенија за широкопојасна мрежна и комуникациска инфраструктура на локацијата на АКИН во Хаг.

ХЕП ПЛИН

Во тек е имплементација на системот за пресметка и наплата на потрошен природен гас (IS-U) за ХЕП Плин доо, базиран на SAP технологија, а очекуваниот крај на проектот е крајот на 2020 година. Имплементацијата се прави според методологијата SAP Activate и првичните функционалности на новиот систем треба да станат активни во првиот квартал на 2020 година.

ХЖ ИНФРАСТРУКТУРА

Имплементиравме решение за управување со средствата (Enterprise Asset Management), а во тек е последната постпродукциска фаза. Со ова решение, корисникот ќе може детално да управува со целиот свој недвижен имот, како со недвижниот, така и со останатата друга железничка и ИТ опрема во секојдневното редовно работење.

МВР на РХ

Ериксон Никола Тесла и КИНГ ИЦТ ќе го интегрираат системот 112-192 за Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска (МВР на РХ) со цел да се оптимизира комуникацијата, координацијата и управувањето со итни настани, овозможувајќи брза и непосредна реакција на итните служби, вклучувајќи ги и повиците до 112 и 192. Досега е завршена првата фаза од проектот, што вклучува имплементација на решенија за 15 центри за комуникациско-оперативни центри ширум земјата.

Како партнери на Motorola Solutions, КИНГ ИЦТ и МИКРО-ЛИНК беа избрани на тендер од страна на хрватското Министерство за внатрешни работи за проширување на покриеноста на целата радио мрежа MUPnet TETRA и интегрирање на организациите за јавна безбедност и цивилна заштита во националниот дигитален двостран радио систем ТЕТРА.

Во конзорциум со Ериксон Никола Тесла, за Министерството за внатрешни работи, КИНГ ИЦТ развива беспилотно летало со голем дострел што ќе ѝ помогне на граничната полиција во надзорот на државната граница.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Во земјоделскиот сегмент, во тек е имплементација на систем наречен е-DPZ, што ќе овозможи управување со државното земјоделско земјиште. Системот се развива за Министерството за земјоделство на РХ, а очекуваниот крај на проектот е септември 2020 година.

ФИНА

Под водството на Фина, КИНГ ИЦТ работи на развивање на системот е-Pristojbe. Воведувањето на овој систем ќе овозможи побрза и полесна наплата на давачките за услугите на органите на државната управа до граѓаните и деловните субјекти преку онлајн и други начини на електронско плаќање. Завршувањето на проектот се очекува до крајот на 2020 година.

ХРВАТСКЕ ЦЕСТЕ (ХРВАТСКИ ПАТИШТА)

Во тек е завршната фаза на имплементација на SAP ERP систем, што вклучува и испорака на хардверската инфраструктура S/4HANA. Очекуваниот датум на продукција е јануари 2020 година.

CRODUX

За два деривати на Crodux, имплементиравме SAP Retail решение за управување со мрежа на малопродажни услуги и секундарна дистрибуција на деривати. Проектот опфаќаше имплементација на индустриското решение SAP RETAIL, како и имплементација на решението SAP ERP во областа на логистиката за деривати и финансии.

БАНКАРСКИ СЕКТОР

Некои од претстојните проекти на кои ќе се фокусираат експертите од КИНГ ИЦТ следната година вклучуваат имплементација на HRM решенија во банкарскиот сектор, а КИНГ ИЦТ има склучено договор за извоз на софтвер за виртуелизација на инфраструктурата во пет земји во регионот во истиот сектор.

РЕШЕНИЈА ЗА ВОДЕЧКИТЕ ХРВАТСКИ МЕДИУМИ

Година која скоро ќе биде зад нас ја обележија високо квалитетни решенија кои КИНГ ИЦТ ги спроведе за водечките хрватски медиуми.

НОВА ТВ - Нова ТВ, во соработка со КИНГ ИЦТ, го имплементираше новиот деловно-информациски систем SAP ERP Central Component (SAP ECC). Се работи за современо решение што ќе овозможи поголемо усогласување на деловните процеси и поддршка на тековните и идните потреби на компанијата.

РТЛ ХРВАТСКА - Во првиот дел од 2019 година, КИНГ ИЦТ изгради нов податочен центар за РТЛ Хрватска, преку кој националниот медиум спроведе консолидирање на инфраструктурата и ја подигна ефикасноста на својот систем.

СТИРИЈА ГРУПА – Во состав на дигитализацијата на работењето и унапредување на ИТ инфраструктурата, ги имплементиравме и конфигуриравме новите податочни системи на ЕМС за групацијата Стирија (Styria).

ПРОЕКТИ ВО РЕГИОНОТ

Во 2019 година, КИНГ ИЦТ продолжи да ги имплементира своите решенија во регионот. Ги издвојуваме најважните.

ДВА ПРОЕКТИ ЗА ХТ ЕРОНЕТ

Воспоставена е заштита од DDoS (distributed denial-of-service) напади за својата телекомуникациска инфраструктура, како и услуга за заштита од напади за своите корисници на услуги. Воведена е нова услуга „Firewall as a Service“, развиен од КИНГ ИЦТ во соработка со ХТ ЕРОНЕТ. Услугата им овозможува на деловните корисници целосна контрола врз управувањето со нивните безбедносни политики и функционалности за различни локации и типови уреди.

МИНИСТЕРСТВО ЗА БЕЗБЕДНОСТ на БиХ

Во рамки на Партнерството за миграции помеѓу Босна и Херцеговина и Швајцарија, со поддршка на Центарот за истражување на политики за спротивставување на криминалот, КИНГ ИЦТ го надгради информацискиот систем за миграции (ИСМ) за Министерството за безбедност на БиХ, којшто овозможува поефикасно управување со податоците за азил, дозволите за престој, регистрациите, визите и граничните премини, како и снимање и следење на влезот и престојот на странци во БиХ.

ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА

За граничната полиција на БиХ во тек е имплементацијата на систем за автоматско препознавање на регистарски таблички на граничните премини, при што проектот е финансиран преку ИПА конкурс.

ЛОКАЛНА УПРАВА на БиХ

Во состав на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во БиХ, развиено и имплементирано е решението eCitizen заради дигитализација на локалната управа, со која ќе бидат опфатени 18 општини во БиХ.

БХ ТЕЛЕКОМ

КИНГ ИЦТ имплементираше централен Fault Management (систем за управување со дефекти) во БХ Телеком заради следење и управување со грешките во мрежната инфраструктура. Имплементираното решение овозможува откривање на неправилности во мрежата и услугите во реално време, врши анализа на причините, помага да се проценат потенцијалните влијанија и да се даде приоритет на корективните активности.

ПРИЗНАНИЈА И ПОТВРДИ ЗА ЕКСПЕРТИЗАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КИНГ ИЦТ

Горди сме што КИНГ ИЦТ доби бројни награди за своето работење оваа година, со кои се потврдува квалитетот и професионалноста на нашите експерти.

Признанијата што ги добивме оваа година вклучуваат:

• Наградата на Schneider Electrica за Best Solution Growth in Europe ни беше врачена за остварување најголем раст на ниво на ЕУ

Dell Technologies ни го додели највисокиот партнерски статус, Titanium

• Станавме единствен партнер на VMware со две VMWare Master компетенции: тоа се Master Services Competency Data Center Virtualization и Master Services Competency Network Virtualization

• Ја освоивме наградата за најуспешен партнер на SAP во Хрватска за 2018 година. Трета година по ред, КИНГ ИЦТ е најуспешниот партнер на SAP во категоријата за продажба на on-premise решенија

• Ја стекнавме компетенцијата SAP Recognized Expertise – Utilities

• Стекнавме и статус Check Point 4 stars со што добивме пристап до ресурсите потребни да им обезбедиме највисоко ниво на услуги за Check Point Software Technologies на нашите клиенти

• CISCO Хрватска нѐ награди со две признанија - Partner of the Year 2019 за Enterprise Networking и Partner of the Year 2019 за Data Center Networking

• КИНГ ИЦТ Сараево стана овластен сервисен центар за Hewlett Packard Enterprise

• КИНГ ИЦТ се приклучи на програмата SAP Cloud Focus Partner преку која SAP ги охрабрува партнерите да развиваат свои производи и да имплементираат SAP решенија кои се наоѓаат во облакот

ИНИЦИЈАТИВИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА КИНГ ИЦТ

Од организациска страна, и оваа година се преземени нови значајни чекори напред. Организиравме две КИНГ ИЦТ академии, летна и зимска, на кои студентите, со платена пракса, имаа можност да се здобијат и ги прошират знаењета, да учат од нашите експерти и ментори, да работат на проекти и да го применат наученото знаење. Нѐ радува што повеќето студенти останаа да работат на КИНГ ИЦТ по завршување на праксата.

Го отворивме развојно-истражувачкиот центар РТЦ Бања Лука и собравме на едно место ИТ експерти и програмери од сите профили. РТЦ работи на меѓународни проекти во Европската унија и во регионот.

Се одржа уште еден Change Code Hackhaton, а продолживме и со одржувањето на нашата Change конференција, која оваа година собра над 400 ИТ експерти и ентузијасти, а беше домаќини на говорници од голем број успешни компании. Дури и повеќе од четвртото успешно издание на конференцијата, нѐ радува можноста да го истакнеме хуманитарниот аспект на Change 2019.

ХУМАНИТАРЕН АСПЕКТ

Меѓу бројните овогодишни социјално одговорни активности на компанијата, издвојуваме три на кои сме особено горди. Целиот приход од продажбата на билети за Change конференцијата ги дониравме на здружението Игра и го уредивме и опремивме едукативното катче со компјутери, LED телевизори, опрема за презентација и комплетен мебел, со што ги поддржи напорите на Здружението во спроведување на програми за поддршка на младите со алтернативна нега при нивното осамостојување и вклучување во животот на заедницата.

Станавме ИТ партнер на детскиот дом „Ладуч“, обврзувајќи се да се грижиме за сите проблеми што ја вклучуваат опремата што ја дониравме - од инсталирање на компјутери за едукација на негувателите и штитениците, сѐ до одржување на ИТ опремата. Имаме заедничка желба да им обезбедиме на негувателите информатичка едукација што ќе им ја пренесат на нивните штитеници и така поуспешно ќе ги подготвиме за живот по напуштањето на домот.

Исклучително сме горди на 8-годишниот Патрик Чудиќ, кој повторно го освои 1-то место на Светскиот натпревар за ментална аритметика во Кина оваа година, а кому ни беше драго да му бидеме финансиски поддршка за патувањето и потребите на натпреварот.

ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА СОЗДАВАМЕ ПОВРЗАНА И ДИГИТАЛНА ИДНИНА

КИНГ ИЦТ продолжува да развива најсовремени решенија, водејќи се од задоволството на своите корисници, создавајќи поврзана и дигитална иднина. Продолжуваме со постојаното инвестирање во нашиот најголем капитал, нашите вработени. За нас е важно да имаме постојани можности за професионален раст, обука и развој на кариера - затоа што во КИНГ ИЦТ, задоволството на вработените е на врвот на нашата листа на приоритети.

Свесни дека деловните успеси можеме да ги реализираме единствено преку стручноста и посветената работа на повеќе од 500 вработени, влегуваме во 2020 година препознавајќи го трудот и професионалноста на нашите вработени, бидејќи тие се најголемата вредност на нашата компанија.