Новости

Решенија за либерализиран енергетски пазар


Голем и комплексен проект за најголемиот снабдувач со топлинска енергија

Компанијата КИНГ ИЦТ го имплементира решението SAP IS-U во словенечката компанија „Енергетика Љубљана“.

КИНГ ИЦТ ја изведе оваа имплементација во рамките на сеопфатниот проект на имплементација на севкупното решение што ги содржи SAP IS-U и SAP CRM.

„Енергетика Љубљана“ е едно од претпријатијата на Јавниот холдинг „Љубљана“ и во моментов е најголем снабдувач со топлинска енергија во Словенија и еден од поголемите снабдувачи со земјен гас. Влегувањето на нови снабдувачи на пазарот доведе до потреба од нови деловни процеси, особено од комуникација меѓу дистрибутерите и компаниите што се занимаваат само со снабдување гас. Имплементираното решение во целост ги поддржува сите процеси што се неопходни за совршено функционирање на вака формираниот пазар.

Севкупното имплементирано решение донесе многубројни предности во сложеното работење на компанијата. Тоа претставува поддршка на низа процеси – управување со односите со купувачите, договарање, управување со уредите и со отчитувањата, како и со пресметките и со фактурирањето на трошоците на дистрибуцијата и на потрошувачката на гас, на топлинската енергија и на услугите за одржување на топлинските станици.

Имплементацијата на решението SAP IS-U во компанијата „Енергетика Љубљана“ траеше една година, а овој дел од работата КИНГ ИЦТ го изведе во рамките на сеопфатен и сложен проект, како дел од конзорциски тим. Во проектот за имплементација на решенијата SAP IS-U и SAP CRM, КИНГ ИЦТ беше задолжен за имплементација на процесот на управување со уредите и со отчитувањата, со пресметките и со фактурирањето, како и со севкупната миграција на податоци.

Што доби „Енергетика Љубљана“ со решението на КИНГ?

  • Имплементираните процеси се поврзани со процесите на веќе постојното решение SAP ERP што доведе до поголема интеграција и до поефикасно работење
  • Благодарение на униформирањето и на поедноставувањето на процесот, олеснето е известувањето, а со тоа и донесувањето брзи и релевантни деловни одлуки
  • Процесот за пресметување стана поедноставен со оглед дека повеќе различни апликации за пресметување се заменети со една

Што добија корисниците на услигите?

И крајните корисници, потрошувачите, ќе ги почувствуваат предностите на новото решение. На пример, доколку потрошувачот има повеќе броила, повеќе нема да добива неколку сметки, туку сите трошоци ќе бидат пресметани на една сметка.

Изјава на Пламенко Баришиќ, претседател на Управата – КИНГ ИЦТ:

По низа комплексни имплементации на решенијата SAP, со овој проект го потврдуваме нашиот фокус и на енергетскиот сектор. Имено, соработката со компанијата „Енергетика Љубљана“ е веќе втора соработка на КИНГ ИЦТ со енергетските компании во регионот. Првата, која штотуку ја завршуваме, е имплементацијата на решенијата SAP ERP и на решенијата за управување со документи (DMS) во македонската компанија МЕПСО, оператор на преносен систем на електрична енергија. Горди сме на проектите што се реализирани за компаниите во регионот, со што се потврдува нашата намера да се позиционираме како регионална компанија. Исто така, проектот во „Енергетика Љубљана“ претставува пример за многу успешната соработка на КИНГ ИЦТ со словенечките и со словачките партнери.