Новости

Институтот за технологија Рочестер во посета на КИНГ ИЦТ: Ден на предавање во КИНГ ИЦТ


KING ICT со особено задоволство ги дочека студентите на додипломскиот стручен студиум на RIT (Rochester Institute of Technology Croatia).

Студентите од RIT имаа редовен студентски ден, но на друга локација, во компанијата KING ICT.
Ваквата соработка на студентите им овозможува да стекнат увид во актуелното работење на една ИТ компанија, а во исто време да ги изведуваат своите редовни студентски обврски.

Во конференциската сала на компанијата, студентите одслушаа две предавања: предавање на директорот на софтверски испораки Роко Роиќ, за научните лекции од историјата на методологиите за развој на софтвер, како и на главниот архитект на KING ICT, Матија Цапан, за обезбедување на квалитетот на софтверските решенија.
Самата компанија KING ICT привлече огромно интересирање кај студентите – тие добија информации за организацијата и начинот на делување на компанијата, работните услови и потребниот профил за потенцијалните вработувања.

Студентите ги интересираше кои знаења се неопходни за вработување во KING ICT и како можат да ги стекнат а ,,кинговци” им објаснија кои технологии и програмски јазици се користат во работата на проектите.
Во обиколка на просториите на KING ICT, студентите дознаа повеќе и за производите и услугите кои ги нудиме во овој момет, како и за проектите кои ги планираме во скора иднина.

Стручноста води до успешен бизнис, а при тоа мора да се најде и простор за опуштање и инспирација, затоа, студентите ги посетија и катчињата за релаксација и инспирација на компанијата KING ICT, теретаната, сауната, просторијата за играње билијар,  просторијата за играње фудбал на маса... бидејќи сето тоа претставува целина на една успешна информатичка компанија, како и удобното и модерно работно окружување кое ги очекува новите млади стручњаци.