Новости

Со вас споделуваме 15 години успех!


Ви благодариме на довербата што трае веќе 15 години.
Денес сме регионална компанија со искуство и со референции што заслужуваат внимание.

Почнавме како продавница на информатичка опрема на „КИНГ Рачунала“, но 2004 година е година на нашето свртување кон системот на интеграции. Веќе тогаш беше сигурно дека компанијата се развива со забрзано темпо. Доверба ни укажуваат нови, големи корисници, вработуваме сè повеќе луѓе, го шириме работењето во регионот и влегуваме во нови предизвици, пред сè, благодарение на стручноста и ентузијазмот на вработените.

Денес зад нас стојат низа комплексни интеграциски проекти. Некои од нив се дел од секојдневниот живот на многу граѓани, како што се електронска наплата на јавниот превоз на ЗЕТ, доплата на ЕНЦ-уредите преку СМС-пораки и интернет, целосно информатизиран систем на државната матура и пријавувањето на факултет, информатички систем е-матица...

Ги докажавме нашето знаење, стручност и професионализам во различни проекти, а особено во земјоделството, образованието и во енергетиката.

Денес сме присутни во целиот регион. Со гордост ги потпишуваме реализираните проекти во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија и во Косово. Поддршка на нашето работење се канцелариите во Белград, Сараево, Скопје и во Приштина.

Ние сме во партнерски односи со глобалните ИТ-компании, а тоа им ги носи на нашите корисници предностите на најновата технологија и практика. Исто така, корисниците можат да сметаат на секогаш достапната, развиена мрежа на сервисни центри во цела Хрватска.

Со влезот на Хрватска во Европската унија ги шириме хоризонтите на странските пазари. Тоа ни го овозможуваат знаењето и искуството, како и завидната референтна листа.

Во текот на 15-годишното работење ги следевме промените на глобалниот ИТ-пазар, а во Хрватска и во регионот дадовме придонес за развој на тој пазар. Ние ги комбинираме сопствените искуства со решенијата на нашите партнери, но треба да се нагласи дека многу од решенијата што успешно ги имплементиравме се плод на нашето знаење и можности. Во секој случај, крајна цел на секој наш проект е задоволен корисник.

Со сигурност во знаењето, професионалноста и со стручноста чекориме кон нови деловни предизвици во европското и во регионалното опкружување.
Ви благодариме на довербата и ве покануваме и понатаму да бидете со нас на тој пат.