Новости

САП-сертификат за почитување на стандардите за квалитет


КИНГ ИЦТ во целост ги задоволува строгите норми за почитување на стандардите за квалитет што САП ги поставува пред своите партнери.

Годишната ревизија на компанијата САП, со која се проверува почитувањето на стандардите за квалитет од партнерите на глобално ниво, покажува дека компанијата КИНГ ИЦТ  целосно ги задоволила строгите норми што САП ги поставува пред своите партнери.

Сертификатот за почитување на стандардите за квалитет за 2013 година (англ.  SAP Accreditation for Partner Quality Program) компанијата САП му го доделува на КИНГ ИЦТ за изведување проекти врзани за САП-решенија во согласност со стандардите и со процесите за квалитет и за постојано настојување за унапредување на решенијата.

Според процената на ревизорите од САП, КИНГ ИЦТ доследно и цврсто се придржува до основните принципи на квалитет што САП ги смета за клучни за успешно имплементирање на висококвалитетно решение, од развојот до испораката, како и за подоцнежна стручна и правилно насочена поддршка.
КИНГ ИЦТ ѝ е долгогодишен партнер на компанијата САП. Оваа година КИНГ ИЦТ веќе има добиено значајно признание за своите резултати во рамките на партнерската соработка, со што премина во повисок, сребрен партнерски статус.

Овој сертификат претставува дополнителен поттик за тимот стручњаци за САП на КИНГ во постигањето на крајната цел, а тоа е максимална компетентност на сигурен и доверлив партнер на САП.