Новости

САП му додели повисок партнерски статус на КИНГ ИЦТ


Годинашната ревизија на компанијата САП, со која се проверуваат компетенциите на партнерот, покажа дека КИНГ ИЦТ заслужи повисок партнерски статус.

Врз основа на резултатите од активностите во маркетингот и во продажбата, КИНГ ИЦТ премина од бронзен на сребрен партнерски статус со компанијата САП.

Со ова признание КИНГ ИЦТ стана дел од малубројните компании во Хрватска што го имаат овој степен на партнерски однос. Признанието е уште позначајно кога ќе се земе предвид фактот дека уште од  основањето „САП Хрватска“ става силен акцент на квалитетот на партнерската мрежа.

КИНГ ИЦТ и „САП Хрватска“ потпишаа партнерски договор во јануари 2006 година. Со тој договор „САП Хрватска“ првпат на свој партнер му овозможи изведба на севкупната поддршка за деловните решенија на САП, од имплементација до одржување.

Оттогаш до денес, тимот на САП експерти во КИНГ ИЦТ реализира голем број сложени проекти. Нивната крајна цел е достигнување максимална компетентност како сигурен и доверлив партнер на САП.