Новости

SAP форум во Загреб


КИНГ ИЦТ учествува како златен партнер на SAP на форумот кој ќе се одржи во среда на        17 Јуни, 2015 во концертната сала Ватрослав Лисински.

Овогодинешниот SAP форум се одржува под мотото "Стартувај едноставно - Бидете најдобри во она што го правите".  Целта на конференцијата е на учесниците да им се откријат тајните на успешното и едноставно работење со добри идеи.

КИНГ ИЦТ на конференцијата ќе биде присутен со предавање под наслов Сопствен развој на SAP HANA искуство, кое ќе го одржи Дубравко Катулиќ, SAP HANA Professional.

Презентацијата е наменета за девелоперите кои работат во SAP  развојно окружување  и на сите оние кои имаат потреба од платформа за развој на бизнис апликации.

Преку искуство во custom развој и моделирање, на предавањето ќе бидат презентирани SAP HANA XS Applicatio Server, алатки за развој и искуство во развивање на пример HANA native апликација.

SAP HANA ќе биде претставена не само како In-memory  база, но исто така и како платформа за развој.

Презентацијата ќе се одржи од 13:40 до 14: 00ч.

Придружете ни се!

Повеќе за конференцијата на официјалната веб страница на SAP форум.