Новости

Систем на паметна куќа во летниковец од 15-тиот век


Секогаш е предизвик поврзувањето на традиционалната архитектура со барањата на модерниот живот. Во еден таков проект учествуваше и даде свој придонес КИНГ ИЦТ. Од урнатините од 15-тиот век е изградена ексклузивна вила за одмор.

Pugliesi замокот, кој се наоѓа во подрачјето на Дубровник, одличен пример е за хармонија помеѓу архитектурата на 15-тиот век и задоволувањето на високите естетски, функционални и технолошки критериуми кои мораа да се задоволат за да се постигне статус на луксузен имот.

Во вилата со површина од 580 квадратни метри и со дворна површина од 1400 квадратни метри, КИНГ ИЦТ имплементираше напреден интеграциски концепт кој преку единствен интерфејс за управување обединува систем на паметна куќа, систем за техничка безбедност и надзор над околината, на мултимедијата, како и концептот на web attraction кој овозможува далечински пристап до видеосодржини.

Со комплексен систем се опфатени бројни функционалности за лагоден престој во една стара вила

Системот на паметна куќа вклучува контрола на осветлување, греење и ладење, контрола на потрошувачката на енергија и на метеоролошка станица.

Техничка заштита и надзор над околината подразбираат видеонадзор, систем за заштита од провали, контрола на пристап преку паметни приврзоци, контрола на поплави и др..

Мултимедијалниот систем овозможува внатрешно и надворешно озвучување, управување со музиката преку аудиозони и управување на видеосодржините на телевизиските канали.

'Рбетот на целиот систем е напредна ИТ-инфраструктура која обезбедува сигурна и брза комуникација на сите елементи на системот, безжична инфраструктура и далечински пристап преку безбедна VPN инфраструктура.

Хармоничен спој на старо опкружување и најсовремените технологии

На имотот, кој се темели врз многу добро обмислен и паметен начин на домување и одмор, технологијата му овозможи да даде максимум на своите гости.

Имплементираниот систем е уникатен спој на автентичен имот за одмор и дискретно интегрирана најсовремена технологија, која незабележително овозможува врвен комфор во старински амбиент.

Како изгледа реновиранa палата, може да се види во статијата „Дом и дизајн“: http://domidizajn.jutarnji.hr/ladanjsko-imanje-iz-15-stoljeca-kod-dubrovnika/