Новости

Системите за известување во образованието, ЦУЦ 2016



КИНГ ИЦТ учествува на 18-та годишна конференција на КАРНет (CARNet) како сребрен спонзор.
Во рамките на програмата ќе се претставиме со предавањето на тема напредни системи за известување во образованието.

Оваа година конференцијата за корисниците на КАРНет ќе се одржи во Ровињ од 9 до 11 ноември 2016 година, насловена како „Да програмираме својата идина“.

Предавањата и настаните во рамките на конференцијата ќе се фокусираат на современите пристапи во наставата и иновативната педагогија со помош на ИКТ, со развој на дигитално зрели училишта, дигитална култура во образованието и со влијанието на технологијата на образованието во иднина.

Како претставник на КИНГ ИЦТ, предавање ќе одржи  Кристијан Кнежевиќ, раководител за развој на деловно работење.

Неговото предавање „Системите за известување во образованието“, ја обработува еволуцијата на БИ (BI) дисциплината, од самиот почеток кога фокусот беше на известување водено од страна на ИТ, до современиот пристап во форма на автоматско БИ, каде што се преминува на автоматска аналитика, а процесот го водат деловни корисници.

Предавањето ќе објасни што претставува, како функционира и што сè овозможува Microsoft Power BI и како аналитиката може да се примени на ниво на образовниот систем.
Предавањето е на програма во петок, 11 ноември во 12:30 часот, во Конгресната сала 3