Новости

Софтвер за земјоделците во Федерацијата на БиХ


КИНГ ИЦТ имплементираше решение за Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, како носител на проектот, а наменето за земјоделците во Федерацијата на БиХ.

Софтверот за обработка на финансискaта поддршка во земјоделството и Интернет Фармер ѝ се претставени на јавноста на конференцијата одржана на 27 октомври во Сараево.

Целта на имплементацијата на решението е да се обезбеди транспарентност, ефикасност и брзина на обработка на субвенциите во земјоделството.

Спроведена е компјутеризација на сите процеси во обработка на субвенциите во која учествуваат Федералното министерство, ресорни кантонски министерства и 79 општини.

Планирано е да се интегрира новиот систем со постојните системи на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство,  пред сè со регистар на земјоделски стопанства и клиенти, во кој досега се регистрирани повеќе од 60 000 корисници.

Според министерот Шемсудин Дедиќ - новиот систем ќе реши повеќе од 80 проценти од постоечките проблеми кои досега се јавуваа во спроведувањето на постапките за обработка на субвенции во земјоделството.

Главната придобивка од имплементираното софтверско решение е поголема можност за контрола и надзор над користење на субвенциите, додека интернет портал Фармер им овозможува на земјоделците да дознаат кој е моменталниот статус на нивните барања за субвенции.

На КИНГ ИЦТ ова не е прво реализирано софтверско решение за таа намена. Во 2012 година за Агенцијата за плаќања во земјоделството на РХ имаме развиен и имплементиран ИАКС - Интегриран административен и контролен систем,  со кој земјите-членки на ЕУ обезбедуват спроведување на Заедничката земјоделска политика.