Новости

Договор за соработка со компанијата „Астриум“


КИНГ ИЦТ потпиша договор за соработка со компанијата „Астриум“, водечка компанија во сегментот на примена на сателитски технологии. Договорот за ексклузивна соработка е потпишан за територијата на Хрватска, а со потпишувањето на договорот на стручњаците на КИНГ ИЦТ им е овозможен пристап до постојната база на просторни податоци, како и прибирање и снимање на нови просторни податоци за целното подрачје.

Со овој партнерски договор КИНГ ИЦТ направи чекор понатаму во унапредувањето и во развојот на услугите на управување со просторни податоци. На сите на кои во секојдневното работење им се потребни снимки од Земјината топка, сега КИНГ ИЦТ им нуди уште поквалитетно и посовремено решение што овозможува едноставен пристап кон големо количество просторни податоци, ефикасно следење и толкување на промените што се битни за работењето, од следење на промените во природната средина, на пример, површините со шуми и со вода, до следење на просторни податоци поврзани со урбаните подрачја.

Досега во Хрватска најчесто се користеа авионски снимки што даваа увид во состојбата на снименото подрачје во моментот кога снимката настанала и со чија помош не беше можно да се следат актуелните промени. За разлика од нив, најголема предност на користењето на сателитската технологија за прибирање просторни податоци е достапноста во исклучително краток рок и следење на промените на големо подрачје, практично во реално време. Тоа може да биде од исклучителна важност, на пример, при откривање пожари, навремено реагирање на последиците од природни катастрофи, откривање недозволени активности на заштитени подрачја и слично.

На своите корисници КИНГ ИЦТ им гарантира целосна поддршка во имплементацијата на решенијата, едукацијата за користењето и за одржувањето на системот.

Изјава на Пламенко Баришиќ, претседател на Управата на КИНГ ИЦТ:

„КИНГ ИЦТ e систем-интегратор насочен кон високи технолошки решенија. Затоа на соработката со ’Астриум‘ гледаме како на исклучително дополнување на постојното портфолио во управувањето со просторните податоци. Низ имплементацијата на решенија што се темелат на просторните податоци собрани со примена на сателитската технологија и со квалитетна поддршка, КИНГ ИЦТ ќе може да им понуди на своите корисници додадена вредност, како и практично знаење и искуство, специфични за сите пазарни вертикали. Со вака силен партнер во сферата на сателитските технологии нашето работење доби нова димензија“.

За компанијата „Астриум срвисис“

Компанијата „Астриум ГЕО информејшн срвисис“ е лидер на геопросторниот информациски пазар. Компанијата вработува повеќе од 18.000 лица и работи во повеќе од 100 држави. Таа е дел од групацијата ЕАДС (Airbus, Eurocopter, Astrium и Cassidian) – глобален лидер во воздухопловството, одбраната и во поврзани услуги. Астриум е единствена компанија во светот на пазарот на сателитски услуги што нуди „сè на едно место“.