Новости

учествуваат во 16-то издание на Microsoft WinDays


Шестнаесеттото издание на Microsoft WinDays ќе се одржи во Пореч од 26 до 29 април 2016 година. Секоја година конференцијата ги претставува новостите од светот на технологијата и бизнисот, каде што по правило се среќаваат повеќе од 1 500 учесници.

На овогодинешните WinDays под мотото „Pokrenimo ideje“ ќе бидат претставени голем број актуелни теми во согласност со светските и регионалните трендови. Бизнис-делот од конференцијата ќе биде насочен кон создавање на култура на успехот, привлекување на страни инвеститори и создавање на нови фирми , додека во технолошкиот дел на конференцијата во фокусот ќе бидат темите поврзани со дигитални и решенија со  отворениот код.

И оваа година, КИНГ ИЦТ ќе учествува на конференцијата како спонзор.

На шестнаесетите  Windays експертите од КИНГ ИЦТ ќе одржат две предавања. Ќе ги претстават новостите за  SQL developer-и, SQL Server 2016 и ќе објаснат зошто ДОК-ИНГ ја одбрал Мајкрософт-аналитичката платформа за имплементација на сопственото BI/DWH-решение.

Посетете не на конференцијата WinDays 16 и слушнете ги нашите претставници.

Распоред и резимеа на предавањата од страна на експерти од КИНГ ИЦТ:

Далибор Марготиќ: SQL Server 2016 – новости за SQL-дивелопери (четврток 09:30-10:15, сала Моменти 1)

Мајкрософт многу работеше на новата верзија на SQL-сервер. Ова предавање ќе демонстрира како со помош на тие нови можности и SQL може да се патува низ време и како едноставно да се имплементира „row-level security“, како може да се маскираат податоците, кои се подобрувањата во светот на In-Memory OLTP, како и останатите напредни можности.

Иван Тепеш, КИНГ ИЦТ и Дамјан Синковиќ, ДОК-ИНГ:Студија на случајот- Имплементација на BI/DWH решението во ДОК-ИНГ (четврток, 17:45-18:15, сала Кастл 6)

Предавањето има за цел да одговори зошто ДОК-ИНГ ја одбра аналитичката платформа на Мајкрософт за имплементација на сопственото BI/DWH-решение, како и кои предизвици се јавиле во текот на имплементација. Ќе се зборува за обемот на проектот, динамиката на имплементација, IBCS-стандардот за известување, деловните процеси , како и за останатите специфични предизвици кои ги мачат производните компании.