Новости

Учествуваме на 7- меѓународно советување за железници


Во вторник на  4 октомври 2016 год. , во салата на Хрватската стопанска комора на  Рузвелтовиот плоштад 2 во Загреб ќе се одржи 7-мото меѓународно советување за железници. Организатор на советувањето е Хрватското друштво на инженери за патишта и железници.

Целта на годинешново Советување е да ги презентира современи технологии и технички решенија кои се наменети за инфраструктурните потсистеми и железничките превозници. Важна функција на советувањето е истата да биде место на размена на нови идеи и искуства, со цел да се зајакне развојот на националниот и регионалниот железнички систем и неговата интеграција во современа европска железничка мрежа.

Во согласност со основната тема на советувањето - примена на современи технологии и иновации во железници - претставникот на КИНГ ИЦТ, Иван Бошњак и претставникот на ХЖ-патнички превоз, Томислав Шабиќ, ќе го претстават проектот за имплементација на новиот систем за продажба на билетите за ХЖ-патнички превоз.

Темата на предавањето:
ХЖ-патнички превоз е компанија преку која се врши комплетна продажба на билетите во патничкиот железнички превоз, а којашто воведе нови, модернизирани начини на продажба. Освен на благајните, билети за патување со воз сега можат да се резервираат и купат онлајн - преку интернет-портал на ХЖ-патнички превоз и со помош на смарттелефон. Сегашниот начин на продажба на билети на благајните, исто така, модернизиран е со воведување на т.н. стабилни терминали.

Наскоро ќе започне и продажбата на билети на безготовинските автомати, каде што билетите за превоз ќе се купуваат со користење на платежни картички, а постоечките картонски легитимации за месечни, неколкумесечни и годишни билети ќе се заменат со смарт-картички.
Сите овие нови канали за продажба се темелат врз новиот систем за продажба и резервација на билети за патници, кој за ХЖ-патнички превоз го имплементира КИНГ ИЦТ.
 
Повеќе на страниците на ХДЖИхр.